Media & Marketing Blog

Инди бенд заработил 20.000 долари со празен албум

Ни тргна со троловите… Ама кога ќе налета човек на вакво креативно тролање т.е. хакирање или покултурно речено надмудрување на системот не може да остане рамнодушен.

Извесен инди бенд Vulfpeck (прв пат слушам за нив) решиле да му пратат уште еднаш порака на гигантскиот Spotify дека малку им плаќа на музичарите. Spotify (ако не знаеш) е сервис кој дозволува да стримаш музика за одредена фиксна месечна претплата. Голем е на големите и развиени пазари… Ја менува музичката индустрија веќе некое време, сериозно.

Vulfpeck го снимиле најтивкиот албум

Мудрите членови на инди бендот Vulfpeck решиле да го снимат најтивкиот албум, всушност снимиле албум кој има песни кои немаат звук. И ги повикале своите фанови (еве го видеото долу) да го „слушаат” албумот Sleepify додека спијат. На тој начин тие ќе му носат заработка на бендот а тие со парите ветиле бесплатна турнеја.

SLEEPIFY-Vulfpeck

Секако дека Spotify кога го сфатиле ова го тргнале албумот под оправдание дека ги крши правилата на користење на сервисот но она што е интересно е дека не го забележале тоа баш многу брзо. Имено, Sleepify им генерирал приход на Vulfpeck во висина од 20.000 долари.

Две муви си еден удар: Vulfpeck ќе си добијат објави по медиуми за креативноста и ќе зголемат потенцијална публика (да не збориме за 20.000 долари) и во исто време упатиле силна критичка порака за начинот на кој Spotify ги третира бендовите.

Via