Media & Marketing Blog

МРТ закрепнува, приватниците се паничат

Отворените дискусии на тема МРТ, К15, Милионер, АПЕММ и слично веќе неколку недели не запираат. Сите си тргаат на своја страна, се праат на „Тошо” и си ја остваруваат зацртаната агенда.

Мој личен став е дека МРТ конечно размислува во вистинска насока, бидејќи од крпење дупки фајде нема, ако не се размислува на подолг план, тие континуирано ќе постојат. Доколку не се обезбеди стабилен и реален квалитет на програмите кои се емитуваат не може да се очекува наплата на такса, и уште повеќе не може да се очекува приход од реклами. Не сум скроз убеден дека сега тоа им е во преден план, но сепак подобрувањето на програмската шема е потег за поздравување.

Од друга страна стојат вечните „плачковци” АПЕММ. Еве гледам по веснициве се појавиле со нова плачка:

Според тврдењето на Асоцијацијата, индикативно е тоа што МРТ со народните пари наместо да креира сопствена програма од јавен интерес, да ги инвестира во техничко и организациско структурирање, таа ненаменски ги троши за купување строго комерцијални програми од домашни и странски продуценти. …Утрински Весник

Од ставот на АПЕММ јасно се гледа дека тие не сакаат конкуренција, и најмалку сакаат подигнување на квалитетот. Задоволни си се тие (приватните медиуми) со ова што сега го имаат – прилично добро вгнездени, со минимален влог, максимален ќар. Нивна идеа за квалитет оди во правец на технички – технолошки и кадровски стандарди, и се разбира јавен интерес. А која е програма од јавен интерес? Онаа која не ја гледа/сака јавноста или онаа која ја гледа/сака?

АПЕММ смета дека во Македонија треба да постои силен јавен медиумски сервис кој првенствено ќе ги насочи капацитетите за поставување технички – технолошки и кадровски стандарди со што ќе придонесува за подигање на општото ниво на медиумите, но е незадоволен од односот на државата кон Македонската радио-телевизија и затоа ја повикува Владата да го контролира трошењето на средствата што ги добива МРТ. …Идивиди

Знам врзани се овие работи, ама МРТ е тука за да го подигне стандардот генерално, во секој можен поглед, и да постави едно друго ниво за да можеме еден ден да очекуваме и приватнициве да се почешаат и да подразмислат за својот квалитет и професионализам.

Точно не е најдоброто решение купување емисии, ама МРТ не ги купи сите емисии кои постојат во МК.

И да, се сложувам ова е нелојална конкуренција, владата да им дава пари на МРТ, особено бидејќи тоа го прави нетранспарентно, не сакам да бидам сватен лошо, ама доколку народот гледа корист од нив (тоа допрва ќе видиме) мислам дека нема потреба толку многу да се критикува потегот. Да повторам нетранспарентноста не ја оправдувам.

На темава:
Реакција од МРТ
Нова Македонија
МРТ ненаменски ги троши народните пари, обвинуваат од АПЕММ
Утрински Весник
Реакција од МРТ на тврдењата за нејзините програмски планови

Идивиди
МРТВ со народни пари си прави програмски шеми
Вечер (а со чии пари треба да прави?)
АПЕММ со забелешки како МРТ ги троши средствата добиени за нејзина санација
Идивиди
Непроѕирно владино ќесе
Шпиц

Technorati Tags: , , , , , , , , .

3 коментари на “МРТ закрепнува, приватниците се паничат”

  1. Волан

    За МТВ одамна се имам изјаснето дека треба да се сведе на јавен сервис кој ке го финасира државата … со минимум но квалитетна програма …

    Да нема реклами на програмите на МРТВ – тој простор да се остви на приватните медиуми …

    И така веќе скоро никој не плаќа МТВ претплата … Имав неколку поста за тоа …

  2. sead93

    Само да потсетам дека и приватњаците земаат пари од народот, сразмерно помалку од сервисотт, но земаат. Па испаѓа дека и тие со народни пари се глупираа и ги фрлаа на сапуници и глупави шоуа, кој веќе никој не ги гледа.

  3. Ѓоко

    Дека МРТ е никаков сервис на сите ни е јасно. Дека троши пари нардони – тоа ни е јасно. Но… и приватните трошат пари, а и тие се обврзани да создаваат програма.

    Поентата е во тоа – што е тоа што тие го подразбираат под „создавање на сопствена програма“. Можеби најдобриот пример е А1 телевизија со нивното реално шоу. Мислам дека 5 часа секој ден не труеа со него. И со него – комплетно ја покриваа ставката „сопствена продукција“. А сега какаат… ако – нек им биде.

Коментарите се затворени.