E-Школо

(Макфаксонлајн) 11.05.2006: Министерството за образование и наука и Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) денеска ќе го пуштат во употреба првиот македонски Образовен портал: www.schools.edu.mk.

Свеченоста ќе се одржи претпладнево во основното училиште “Ј. Х. Песталоци” во Скопје

Порталот, кој е резултат на проектите “Е-школо” и “Македонија се поврзува”, ќе овозможи нов високо интерактивен начин за комуникација помеѓу наставниците, учениците и родителите. …повеќе

Се е одлично, напредуваме, чекор по чекор се реализираат некои убави работи, ама може ли некој да ми објасни зошто никој не внимава на ситните детали кој ја разоткриваат малку по малку сивата слика на сите овие проекти.

Она што мене континуирано ми смета се англиските домени?? Зарем не може да се регистрираат два или повеќе, зарем американските средношколци ќе ги користат овие услуги?? Зарем…??

Technorati Tags: , , , , .


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Academic, Local. Bookmark the permalink.

Коментирај!