Метеор?

Во хипотетична ситуација врз Македонија да падне метеор/метеорит, астероид или нешто слично, кој би бил пристапот и на македонските медиуми во известувањето за овој настан?1

Сосема фиктивни „наслови на денот“ низ призма на уредувачките профили на локалните медиуми:
МРТВ: Владини претставници го посетија кратерот и му ветија помош на локалното население.

А1ТВ: Голем број повредени и огромна материјална штета во удар на метеор.

Канал 5: Канал 5 дознава, метеорот летал со брзина од 500км на час!

Сител: Претходната влада на СДСМ не обезбедила средства и не направила ништо за планирање на спасувачки акции при удар на метеор.

МТВ2: Тачи: Ахмети и Црвенковски знаеле за метеорот и не ја информирале јавноста!

Вечер: Рејтингот на Груевски зголемен по ударот на метеорот!

Време: Скандал! Владата знаела за метеорот, одвоила средства за помош и ги потрошила за подароци за свадбата на премиерот!

Вест: Ексклузивни фотографии на Натали покрај кратерот: „Сакам жешки работи!“

Дневник: Метеорот ја зовре атмосферата помеѓу партиите во парламентот.

Утрински весник: Полицијата направи спектакл од ударот на метеорот.

Капитал: ММФ и Светска банка нудат грантови за помош.

Форум: Ударот на метеорот ќе ги влоши позициите на Европската унија во Македонија за разлика на оние на САД.

Фокус: Црвенковски и неговата сопруга стојат зад ударот на метеорот!


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Local, Media. Bookmark the permalink.

8 коментари на "Метеор?"

Коментирај!