Media & Marketing Blog

Гост блогер: New tools, new schools

Со задоволство, најавувам гостински пост на Радмила, таа, на моја покна беше гостин на NYUS и отвори една актуелна и важна дискусија:

Во вторникот, бев поканета од страна на NUYS да ги запознаам додипломците во рамките на предметот „Introduction to New Media” за некои аспекти на употребата на Новите медиуми, посебно Web 2.0 алатките во образованието и едукацијата. Иако бевме доста интимна група на ученици, сепак успеавме да го задржиме вниманието на доста горечки теми кои произлегуваат од оваа тема, пред сé на аспектот на промените во образованието предизвикани од страна на технолошката и демографската трансформација и ефектот на нивната интеграција во однос на развој на нови и за нас сеуште непознати едукативни и образовни потреби.

Презентацијата сместена во рамките на академскиот простор не ме остави рамнодушна да се запрашам дали ова е можеби еден од ретките обиди да им се понуди на новите генерации на ученици едни поадекватни, поинакви и сеприсутни алатки за учење и работа т.е осовременување на наставата и образованието, онакви какви што соодветствуваат на нивната пред сé секојдневна интернет активност и желба. Ако не друго, сигурна сум дека презентацијава предизвика едно поинакво позиционирање на овие нови Web 2.0 технологии во однос на процесот на нивното учење и стекнување нови вештини (21st Century Skills), кои понатаму во целост ќе ги користат во нивниот професионален развој и кои нема да останат незабележани и неискористени.