Media & Marketing Blog

[Подкаст #41] со Никола Бојков на тема Facebook маркетинг

По пролетна пауза од 3 недели, повторно се враќаме на нашиот подкаст. Овој пат со нов термин, го поместивме премиерното издание на Радио МОФ од среда во четврток, 21 часот. Со нови сили и нови микрофони (јеееееее) 50тина минути зборувавме со Никола Бојков од IM.mk

Повод беше нивното вклучување во Preferred Marketing Developer Program на Facebook a покрај тоа муабет правевме и за нивните искуства и ставови во поглед на навиките, оечкувањата и практиките на локалните брендови кога станува збор за маркетинг активности на Facebook. Секако малку мрчевме и за самиот Facebook за насоките на развој и сл.

2 коментари на “[Подкаст #41] со Никола Бојков на тема Facebook маркетинг”

  1. Anonymous

    Браво и за водителот (Дарко де, Кузе забушаваше) и за гостинот и за емисијата. Све побољи сте.

    Една ВАЖНА работа што гостинот заборави да ја спомене е дека Фејсбук НЕ ДОЗВОЛУВА игри со лајкови ако не се со посебна апликација https://www.facebook.com/page_guidelines.php или со свои зборови http://www.socialmediaexaminer.com/facebook-promo… .

    Инаку чувме дека постои и друга слична фирма http://www.newmedia.mk – кога ќе ги викнете нив у емисија? Ако немате водител, еве јас волонтирам 😉

    И конечно – кој е новиот термин во живо? Ставете го некаде да се гледа, ете сум ве промашил па, пак, ве слушам отпосле

    Keep up the good work,

    Kupe

    P.S. А да пробате да ја „шитнете“ емисијава на некое радио или телевизија?

  2. Дарко Булдиоски

    Да Кире јас го мислев да го спомнав ова со лајковите и забраните, ама не стигнав и после изумив… фала за дополнување.

    Терминот е четврток 21 часот. Дефинитивно. Ќе склопиме и едно банерче од десно ќе ставиме, видиш не ми текнало тоа порано да го направам.

    Што се однесува за дечките од NewMediaMK малку срамежливи се, па затоа ќе го почекаме моментот кога ќе правиме и видео стрим од подкастов. Тогаш тие ќе бидат главни и ќе им викнеме 100 водители за да ги скапат со прашања.

Коментарите се затворени.