Media & Marketing Blog

Јавни дебати

„Телетабисите” можеби не се најсреќниот пример како мотив конечно малку посериозно да се отвори една ваква дискусија, но сепак тоа не е најважното. Најважно е дека јавните дебатите за особено важни теми од секојдневниот живот влегуваат во медиумите и тоа на насловните страници и во ударните термини. Контролата на содржина на медиумите е особено важна, не само на електронските туку и на печатените. На чело со МАНГА цртаните, кои не верувам дека се директно наменети за најмладите, преку „релното шоу”, емисиите од типот на Шок шоу и слично (на ТВ) па до еротските (понекогаш и порнографски) содржини на средните страници на дневните весници.
Верувам дека кај нас ни половина од родителите кои заедно со своите деца секојдневно ги гледаат „телетабисите” не биле свесни дека еден од јунаците имал карактеристики на травестит. Да не говорам понатаму колку од децата можеле да ја примат оваа порака. Патем, станува збор за деца на возраст од 1-4 години, кои без разлика на полот многу често ги делат играчките и автомобилчињата и кукличките.
Оваа дебата на тема травестити или хомосексуалци можеби „држела вода” некаде во поразвиените општества каде овие појави се навлезени длабоко во социјалното опкружување на луѓето, но кај нас НЕ верувам.
Искрено се надевам дека конечно ќе почне повеќе внимание да и се посветува на медиумската содржината, а дека тоа како краен резулатат ќе донесе поголем квалитет.
И уште нешто: обајва дека некој неовластено објавил на интернет порнографски фотографии со цел да се спречи истата не би требало графички да биде збогатена со истите.
Во крајна линија и тоа го гледаат деца. (ова конкретно се однесува на дневник и неговата насловна страница од 11,05,2005)

2 коментари на “Јавни дебати”

  1. .аНТИ

    Ептен си во право. Апсолутно нема етика меѓу македонските новинари. Јас работам во еден медиум и кога ќе одбиеш да направиш нешто што не е етички, постарите и поискусни (би рекол во кршењето на етиката на професијата) колеги ти се смеат и викаат дека си направил невиден гаф.
    Точно е тврдењето дека најголем дел од македонските новинари се непрофесионални манипулатори.

  2. Perlengkapan bayi

    Wow, amazing blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your site is excellent, as well as the content!. Thanks For Your article about Јавни дебати | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.