Media & Marketing Blog

Foursquare e следниот твитер

Минатиот петок сосема случајно се случи првиот streetup во Македонија, а  информациите кои ги имам велат дека тоа беше првиот streeup на балканов. Јас и Дарко имавме презентација за интернет маркетинг во Тетово, а со нас дојде и Виктор затоа што после презентацијаta имавме договорено mktweetup во Тетово. На mktweetuo-от покрај нас дојдоа и тетовчаните Игор и Борче, а се случи во пицерија Форум.

На сите кои ме следат на твитер јасно им е колку сум опседнат со Foursquare, па штом влеговме во пицеријата веднаш направив check-in. Немаше ни минута кога добив СМС од еден од моите пријатели  на foursquare. Да ја скратам приказната, по неколку разменети СМС пораки со Роб тој и неговиот син Алекс се појавија во пицеријата користејќи ја гоелокацијата која ја споделив преку foursquare. И бидна првиот 4sq streetup.

Што е Foursquare?

Photo credits: http://www.flickr.com/photos/scobleizer/

Photo credits: http://www.flickr.com/photos/scobleizer/

Foursquare може да ви изгледа исто како веќе постоечките сервиси за социјално вмрежување како Facebook и Twitter и тоа не е чудно затоа што има слична намена и функција. Разликата е што Foursquare е локациски свесен. Оние што имаат сметка на foursquare кога ќе отидат на некое место, најчесто кафуле или ресторан се чекираат (пријавуваат) преку својот мобилен телефон користејќи една од апликациите развиени за овој сервис или мобилниот сајт.  За разлика од Facebook каде го обновуваме нашиот статус, на 4sq ја споделуваме нашата локација. Корисниците можат да оставаат препораки за местата каде што се чекираат, на пример што да се напиеш во некое кафуле и можат да ги видат препораките од другите кои биле таму. Јас на пример имам оставено препорака да се проба салепот во Ли кафе.

Foursquare има и натпреварувачки елемент, се добиваат поени за додавање на нов локал и за чекирање. Колку повеќе чекирања, толку повеќе беџови. На пример доколку се чекираш три пати во еден локал во текот на една недела го добиваш беџот „Локалец“.

foursquare

Оној/онаа што има најмногу чекирање во некој локал тој/таа е „градоначалник“ на локалот. Ова е уште еден елемент на натпревар затоа што 4sq веќе има договор со некои од локалите што нудат награди за градоначалниците во форма на бесплатна пијачка или нешто друго. Има локали кои нудат и одереден попуст доколку се чекирате. За жал ваква практика кај нас сеуште нема, но овој сервис сеуште е нов на светско ниво па изгледа ќе мораме да почекаме кај нас да се придвижат работите. Оваа форма на награди во реалниот свет е нешто што Facebook и Twitter го немаат развиено на ова ниво, иако Twitter е локациски свесен а Facebook наскоро ќе стане.

Во овој пост само сакав да го претставам 4sq и да раскажам за едно интересно искуство што се случи во Тетово. За 4sq ќе пишувам уште особено за тоа како може да се користи за маркетинг, промоција, за лобирање, за невладини организации итн. Можеби на прв поглед 4sq нејасен како може да се искористи, но според Pete Cashmore тоа е следниот twitter.

4 коментари на “Foursquare e следниот твитер”

  1. moondowner

    Убав вовед во 4sq за тие кои не го користеле досега, но од насловот очекував нешто друго, како на пр. зошто е следниот твитер и како може да биде следниот твитер, кога служи само за споделување на локации а не и на информации генерално.

  2. Mite Kuzevski

    Ќе има серија од неколку поста за 4sq, каде што поопширно ќе пишувам која е употребната вредност на сервисот, како и за тоа дали фејсбук со најавата за озовможување на чекирање ќе го “убие“ 4sq и нему сличните сервиси како Gowalla .

Коментарите се затворени.