Media & Marketing Blog

Тематски страници, форма која ја посакуваат интернет читателите

Некаде на почетокот на оваа година тим составен од луѓе кои работат во Google, New York Time и Washington Post работеа на развој на понапреден формат на т.н. Topics pages или преведено на македонски тематски страници.

Станува збор за страници, дел од информартивните сајтови кои на едно место собираат повеќе релеванти информации за една тема, компанија, настан или лице. На истата се прикажуваат најновите, најважните и информациите поврзани со соодветната тема.

Преку овој тип новинасрка содржина на читателите им се нуди можност да се информираат за една тема побрзо и подлабоко. Овој тип страници помагаат во разбирањето на одредени комплесни теми кои се развиваат во текот на повеќе години, но во исто време се одлична стартна точка од која може да започнете да следите некоја тема. Во спротивно, ако почнете да читате од последната инфорамција па да се обидувате да го одмоткате клопчето наназад би претставувал екстремно тежок и напорен процес.

livingstories_logoДа се вратам на NYT, Google и Washington Post. Тие, како што пишав, на почетокот на ова година со здружени сили, новинари и уредници од NYT и Washngton Post и програмери од Google развиваа структура на вакви страници. Проектот го нарекоа Living Stories и го работеа околу два месеци. Искуството кое го собраа е крајно позитивно:

Using this technology platform, we can capture hundreds of developments as events unfold on a single dynamic page so that readers have many ways to easily digest the information.

Since we launched this proof-of-concept test on Google Labs in December, 75% of people who sent us feedback said they preferred the Living Stories format to the traditional online news article. Users also spent a significant amount of time exploring stories. This tells us there’s a strong appetite for great journalism displayed in a compelling way.

Предводени од позитивниот исход на овој проект, Google не би бил тоа што е ако не го понуди своето искуство на задницата. Па токму затоа тие го отворија кодот на Living Stories за да можат сите други кои сaкаат да објавуваат информации во ваков пакет да го користат. Дополнително најавија и полесно управување со него за да може поголем број сајтови да го искористат.

Но Google, NYT и Washington Post не се единствените кои во последно време ставаат фокус на тематските страници. Голем број едукатори и практичари во областа на онлајн новинарството пишуват и работат на помали зафати од ваков тип. Нивните обиди секако се темелат на искуство но и на истражувањата кои покажуваат како, пред се младите, консумираат вести на интернет. Во еден скорешен напис на e-Media Tidbits оваа тема убав пресек направи Maurreen Skowran: How Topic Pages Can Give Readers a Bird’s-Eye View of the News

Although many news sites aggregate related stories, The Spokesman-Review is one of the few to provide written summaries alongside the links. The summaries provide context about how the latest news relates to the big picture.

Во овој напис може да се прочита и за уште едeн сличен концепт на информативни страници: “Wikipedia-ing” news, и секако не го испуштај линкот кој води до истражувањето на AP (pdf) ако до сега не си го видел/a.

За крај на овој прв пост на оваа тема (во иднина веројатно ќе ги има уште) само да истакнам дека ова не е концет кој го практикуваат само големите информативни сајтови, напротив тој е особено погоден и за помалите/локални изданија. За да се доближи овој концепт поблиску до поголемиот број медиуми A. Adam Glenn уште еден од авторите на Poynter E-Media Tidbits, состави цело упатство како со помош на најупотребуваниот мал и бесплатен CMS – WordPress може да се создаде платформа за тематски страници.

Тој својот New Toolkit for Topic Pages го практикувал во рамките на Knight Digital Media Center, но за жал поради доверливост не можеме да погледнеме ниту еден од примерите на кој тие работеле. Сепак, го разгледав упатството и мислам дека не е воопшто тешко да се изведе.

За крај само ќе повторам нешто што им го зборувам и на студенти на онлајн новинарство. На интернет веста живее подолго, и тоа секој новинар, креатор на содржина, мора да го има предвид. Токму овој тип страници до максимум го исползуваат тој факт. Во МК се уште не сум видел тематски страници. Најблиску (иако тоа е некоја базична форма) се страниците на агрегаторот Daily.mk, но тоа е само агрегатор, нема новинарска и уредничка рака таму, па оттаму далеку е овој тип страници…

Чинам дека е време некој локално да биде похрабар и да се обиде да понуди нешто што доликува за еден интернет медиум. Има одлични теми за кои би можело да се нарправат вакви страници, прво на ум ми текна спорот со името но верувам има уште многу…

А што би сакал ти да видиш на тематска страница?

ДОПОЛНУВАЊЕ: Во коментарите Нешкова посочи на еден локален пример. Станува збор за Forum.com.mk, тие овој тип на содржина ја нарекуваат ДОСИЕ. Само не знам дали ги дополнуваат редовно и дали се ова само електонски верзии на некои поголеми рубрики во нивното печатено издание или се направени само за на веб.

6 коментари на “Тематски страници, форма која ја посакуваат интернет читателите”

  1. Darko Buldioski

    Фала Кате за линкот и за информацијата… некако како да помислив на Форум, ама не побарав…. штета што не продолжиле да работат.

  2. Нешкова

    Тоа требаше да бидат баш тематски страници, направени се само за вебот со тоа што ги користат и ресурсите од неделникот (коментари, статии и сл). Јас работев на досието околу две недели, но откога заминав од форум гледам дека ништо не е направено плус, а беше само на почеток. Беше планирани на секои две три недели да се креира по една тематска страница, со тоа што старите ќе се надополнуваат постојано. Добро е да ги има. Поздрав

  3. Baju Bayi

    Wow, wonderful blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your web site is magnificent, as well as the content!. Thanks For Your article about Тематски страници, форма која ја посакуваат интернет читателите | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.