Media & Marketing Blog

Du bist Mazedonien!

Du bist Mazedonien? Ja, ja!

O, la, la de ja vu!

Како и за повеќето нешта во општествениов животец приморани сме (во рамките на својата пасивност и инертност, се разбира) да гледаме репризи на туѓи идеи и то(в)а на своја сметка. Па така и концептот на кампањата „Ти си Македонија“ е класична „отимачина“ и плагијат-чина на германската кампања од 2006.

dbdklein.jpg

You are Germany (in German “Du bist Deutschland”) was a social marketing campaign in Germany. Its aim was to achieve positive thinking and a new national feeling. It was created by the initiative “Partner für Innovation” consisting of 25 media corporations and was co-ordinated by Bertelsmann. The large-scale campaign caused much of controversy and discussion…The initiator of the campaign was Gunther Thielen, CEO of Bertelsmann AG. It ran from September 26, 2005 to January 31, 2006. The core of the campaign was a 2 minute TV spot, which was broadcast simultaneously at the start of the campaign on almost all TV channels in the country. Additional advertisements in the print media, flyers, and outdoor and online media were used. The media cost was around 30 million Euros.

All of the supporting corporations worked without pay. The campaign was relaunched on December 15, 2007.

The background music used is from the U.S. composer Alan Silvestri and was the theme from the film Forrest Gump (1994).b6452ff3-b0ab-4053-adde-bce08e076be2_reklami-2.jpg

Нема да ја ширам многу вака во период на кампањи, само ќе додадам дека е тажно дека некој со плагијат сака да не охрабри да се чувствуваме посамоуверени и погорди со себе си, па со пример треба, со пример, не со зборови и туѓи идеи.

3 коментари на “Du bist Mazedonien!”

  1. Pac

    Не е само оваа кампања плагијат. Туку и Програмата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 и оваа сегашнава Застрашувачки е што истата има МНОГУ сличности со Наци- Програмата на Хитлер со наслов Преродба во 25 Чекори. Според истата, целите се обединување на германскиот народ, непризнавање на версајскиот договор, намалување на даноците, зголемување на пензиите, зголемување на платите, стимулирање на поголем наталитет кај Германците и др. Исто така Антонио Милошоски го има препишано и делот за женското прашање. На жените во Нацистичка Германија им беше наменета специфична улога. Особено Хитлер беше многу јасен по ова прашање и тоа: улогата на жената е да биде добра мајка која ќе се грижи за своите деца додека сопругот е на работа. Освен за мал број на работи Хитлер не гледаше причина жената да мора да оди на работа. Уште од најмали нозе девојчињата беа едуцирани и насочувани каков мора да биде нивниот живот т.е. дека секоја добра германска жена има единствена улога да се грижи за домот, сопругот и да роди што е можно повеќе деца. Еден од првите Закони донесени од Хитлер во 1933 г. е и Законот за поттикнување на бракот. Според тој Закон секој млад брачен пар добива парична надокнада од 9 плати во вид на заем. Доколку брачната двојка добое едно дете се простуваат 25% од заемот, ако има две деца – 50%, за три деца 75% и за четири и повеќе деца – 100% од заемот се брише. Во 1943 година истиот Закон е проширен за да важи не само за брачни двојки, туку секоја жена без разлика дали е мажена или не би требало да роди четири деца од ‘расно чист‘ татко. А ако кон ова се додаде и БЕЗОБРАЗНАТА кампања гледам дека идол им била партија и човек кој цел свет го ставија во страдање за 2 светска војна

  2. arschloch

    а што има лошо во кампањата… што има лошо во обединувањето на Македонскиот народ, што има лошо во непризнавањето на букурешткиот договор, што има лошо во намалување на даноците и зголемување на пензиите, стимулирање на наталитетот кај Македонците ????

  3. sead93

    Се разбира читателите на блогот имаат потполна слобода да го изнесат своето мислење по повод овде јавно изнесените теми, но лично мислам дека споредбата со германскиот нацизам е преостра и се оградувам од неа. Главната нишка на критика е неоригиналноста и копирањерто на туѓи идеи кои не мора да значи дека така „на купче“ се применливи во домашна средина. Проблемот е изнесен како културолошки, но не и политички, кој паѓа во сенка на културолошката неинвентивност.

Коментарите се затворени.