Media & Marketing Blog

Комуникации.нет подкаст #7

Уф колку не се сакам кога не сум одговорен, а во последно време тоа знае да ми се случи. Пролет, гужва, многу обврски, ама не се правдам. Виновни сме (сум) и толку. Еве дури денес, 2 минути по понеделник стасувам да ја објавам минатонеделната епизода на нашиот подкаст.

Зборувавме јас и Мите, немавме една централна тема и мислевме дека ќе направиме пократка епизода баш заради тоа, но се разврзавме со муабет и пак сме околу 30 минути. Сменивме неколку теми на разговор, стигнавме и за политичките партии малку да измрчиме но нема да раскажувам многу. Слушај и ќе ти стане јасно за што зборувавме. Само, морам да споделам дека откако и официјално ги започнаа кампањите забележуваме позитивни поместувања на во интернет настапот на политичките партии. Рано е уште, кампањата само што почна, јас вчера малку ги сурфав нивните профили и странци па оттаму го извадив овј заклучок. Здравје, може ќе собереме сили и ќе ја продолжиме традицијата па и оваа година да објавиме анализа како што правевме неколку пати во минатот.

Доста е читање, ајде на слушање.

Еве ги и линковите на работите спомнати во подкастот. Се слушаме пак во среда премиерно на РадиоМОФ, а ден-два потоа и тука на блог.

Honda marketing chief tattoos fans face his arm
Facebook 10 cents ads

Lan Fest

3 коментари на “Комуникации.нет подкаст #7”

  1. Anonymous

    Аууу, политиката била лоша… Абе ќе н'е сокапат воа политичариве ако им оставиме на нив. Нејсе, само директна демократија. И фонот потивко мааалце 🙂

  2. Darko Buldioski

    Хаххаха како тенкисти сме, од 5 пат ќе го погодиме како што треба 🙂

Коментарите се затворени.