За блоговите во „Форум”

Во последниот број (138) на „Форум“ во текст под наслов „Шампиони на вербална демократија“ објавен е одличен текст на тема блогови. Во рамките на овогодинешниот „Глокал 2.0“ беа допрени некои теми како што е прашањето колку блоговите влијаат на општествените случувања и кој е нивниот потенцијал да влијаат во иднина, а овие теми се преиспитуваат и во овој текст на авторката Катерина Нешкова. Освртот е даден и за домашните блогови како и за состојбите во блогосферата во други средини (Англија, Белгија). Додека не биде пуштен онлајн текстот неколку моменти од него:

Отворениот пристап и слободата на изразување е причина што интернет сферата станува нов медиум кој е достапен не само за новинарите и елитата од политичари, интелектуалци и јавни личности, туку и за обичните граѓани. Единствено што е потребно е имтернет конекција и регистрација на некои од блог-провајдерите…Блоговите се погодни (и) за политичките партии, бидејќи за разлика од телевизиските дебати и претставувањето по весници, политичарите на блог директно добиваат повратни коментари од граѓаните.

untitled.bmp


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Journalism, Local, Media, Print. Bookmark the permalink.

6 коментари на "За блоговите во „Форум”"

Коментирај!