Media & Marketing Blog

Чија популарноста опаѓа?

Пред некое време по интернетов проструија некои изјави и аналитички текстови дека весниците во нивната изворна форма изумираат. Можеби тоа е до некаде точно, но сепак мора да имаме предвид дека тие компании се истите оние кои (во најголема мера) го диктираат и известувањето на интернет односно on-line news. Сепак тие магнати си ја креираат својата политика многу професионално и ни малку наивно. Деновиве наидов на извештај кој обединува серија истражувања на оваа тема. Станува збор за употреба на on-line весниците во Америка. Зголемената популарност се должи на нивниот бесплатен пристап, но сепак компаниите имале и се уште имаат обиди, најчесто неуспешни, за да си ја наплатат пласираната информација. Сепак, едно е јасно, популарноста на електронските верзии на весниците се зголемува, приходите од реклами се зголемуваат, публиката станува побројна, еден ден најверојатно и таму нема да може да се пристапи до информација бесплатно.
За оптимистите остануваат блоговите, кои се сериозна закана за on-line новинарството, барем во Америка.
Подетално за истражувањето можете да причитате на: www.eMarketer.com

2 коментари на “Чија популарноста опаѓа?”

  1. теко

    Здраво на сите.

    Мора да се сложиме дека on-line news сепак не успеваат поради цената.
    Причината е сепак многу поголема, а тоа е едноставно Информацијата. Сакам да кажам дека за секоја вест која ќе ја најдете по електронски пат (а истата може да се најде и во печатен медиум) постојат и многу други информации поврзани со неа или од областа која се опфаќа. Мора да се каже дека ако тие информации се бараат по печатените медиуми ќе се потроши пред се многу ВРЕМЕ.

    Но, ако некој има време во изобилство тогаш убаво е да се прочита нешто.
    Никој неможе да ме убеди дека компјутерот може да го замени чувството што го прави дневен весник во сабота наутро кога со филџан кафе го читам и уживам во почетокот на викендот.

    Поздрав!

  2. Darko156

    И покрај брзината со која е возможно да се објавуваат информациите на интернет сепак мора да посочам уште една работа. Повторно според истражувања во Америка добиени се податоци дека огромен број од on-line вестите всушност претставуваат рециклирани информации објавени во печатените медиуми или другите електронски медиуми. Сепак во споредба со минатото авторските содржини се во благ пораст.
    Повеќе на http://www.stateofthenewsmedia.org
    И уште една страница поврзана со оваЧ http://www.naa.org/utilartpage.cfm?TID=NR&AID

Коментарите се затворени.