Третиот бран и Крејмер

Алвин Тофлер (Alvin Toffler) е американски писател и футуролог (што е малку поважно за мојава приказна од писателството :) кој во својата книга „The Third Waveја објавува својата теорија за идниот развој на модерното општество и фазите низ кои тоа минува. Накусо кажано, тој го глeда општеството како систем кој поминува низ три фази: земјоделска, индустриска и пост-индустриска. Третата фаза, според него е всушност е денешната, најдоцната или нашиот тековен период на информатичко општество, дигитално-комуникациска револуција и слично. Третата фаза се одликува со диверсификација (ширење на разновидноста) и општетсво засновано на знаење и информации. Може да се каже дека неговите футуристички проекции се оствариле во прилична мера.

Токму во оваа книга тој го употребува помот „prosumers“ (producers+consumer=prosumer) и го објаснува

Козмо Крејмер

како целосно бришење на разликата помеѓу оние кои ја создаваат содржината и оние кои ја следат во медиумите. Со други зборови разликата помеѓу авторот и публиката се губи. Публиката станува автор, авторите воедно се и публика, со што се комплетира кругот на продукција во пост-индустриското општество.

Иако овде идејата е најелаборирана, вистина е дека таа има своја претходна историја, за која во најмала рака се заслужни Меклуан и Нуит (Marshall McLuhan, Barrington Nevitt) во „Take Today“ (1972), Умберто Еко во „Opera Aperta“, како и мене најдрагиот, теоријата на Козмо Крејмер (Cosmo Kramer) од комедијата „Сајнфелд“ (Seinfeld). Крејмер својата идеја, која е генијална само за него, додека другите му се исмеваат и го сметаат за „неточен“ ја лансира во две епизоди (Male Unbonding, The Couch) од втората и шестата сезона. Имено, неговата идеја се состои во тоа да отвори пицерија во која гостите сами ќе си ја прават својата пица. Или според Крејмера, доаѓаш да нарачаш, ти даваат едни фини ракавички и имаш на маса состојки и ти фино-лепо, засукуваш ракавите и сам си ја правиш пицата. Генијално! Можеби во гастрономска смисла и не е така примамливо, но како метафора за Интернет 2 е речиси совршено.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Media, New Media, Technology. Bookmark the permalink.

4 коментари на "Третиот бран и Крејмер"

Коментирај!