Media & Marketing Blog

Чом го сфати Најди!

Драги мои

Во еден мој претходен пост надвор од темата беше спомната последната емисија на Чом, и одличниот настап на нашиот пријател ПерарК, авторот на Најди!

Изминативе неколку дена ја прегледував онлајн верзијата на оваа емисија и не можев да се воздржам а да не објавам еден конкретен дел од неа.

Значи, вака легендата Александар Чомовски го најавува Петар и волку го разбира сервисот Најди!
Ова се делови од мои претходни постови кои се директно поврзани со оваа катастрофа.

И тука се соочувам со размислувањето дали кај нас некој во рамките на градењето на информациско (не информатичко) општество ја позиционирал улогата на новинарите, или испланирал некако да ги вклучи, образова, поттикне за тие да помогнат во трансормацијата. Или едноставно треба да оставиме се да направат техничарите (информатичари, електро инжинери и сл). дел од постот Дали и каде грешиме?

Технолошка револуција. Интернет. Е-Влада. Е-Граѓани. Wireless. Блогови. Подкаст. Нови медиуми. Информациско-комуникациски технологии. Партиципативни медиуми. И ред други… Кој во Македонија се обидува да ги следи, анализира, критикува или (не дај боже) предвидува овие работи? Какви се социјалните импликации? Кои се следните промени? До каде е Македонија во однос на останатите? Кои се светските а кои локалните трендови? дел од постот Каде се нашите колумнисти?

Немам повеќе коментари, ми требаа неколку дена да се решам да го ставам ова, доволно е самото тоа што е тука и може да му се ситиме.

благодарност за техичката подршка до Кузевски и Goodbytes

11 коментари на “Чом го сфати Најди!”

  1. Anonymous

    I petar ne stana da si zamine?:))) gospodi idiotizmi

  2. tv-set on blue

    леле бе до солзи ме донесе ауу..
    ..промотивно и многу индикативна компјутерска провокација.. хаос!

    :)))

  3. вероника

    сега не сум офтопик 🙂

    да си го апгрејдувам коментарот за настапот на Петар – екстра беше, земајќи ги во предвид дадените услови…

    Хајлајт – Провокативна и индикативна компјутерска (драмска пауза овде)…..провокација!

    Нема крај за (не)одговорноста за јавно изречениот збор…

  4. Баждарџија

    Дарко ова што го правиш е една прмотивна, ааааааа и многу индикативна,ааааааааа компјутерска аааааааааааааааааааааааааааааа провокација

  5. ПетарК

    Фала за пофалбите, но мислам дека Чомовски е неправедно обвинет во ситуацијата, или барем обвинет за погрешна работа. Кога му кажав за првпат дека го правам Најди, на едно 10 минути пред почетокот на емисијата, не само што немаше потреба да му објаснувам што е тоа, туку тој беше пријатно изненаден, така што мислам дека Чом е корисник на Најди. 🙂

    А за неспретната дефиниција на почетокот, мораш да го сфатиш неговиот gestalt начин на изразување, битна е главната порака, а не ситните детали на кажаното. 🙂

  6. Darko156

    Една обична реченица:

    Најди е пребарувач.

    ќе завршеше работа, уште повеќе земајќи го предвид фактот дека тој го користи и дека сево ова се случи во втората минута од емисијата кога по некоја логика концентрацијата на водителот би требало да биде задоволителна.

    Во секој случај, Чом го искористив како пример за да го поткрепам она што сите заедно го констатираме како проблем, а се однесува на една поголема група на луѓе, но ни оддалеку не смееме да им простуваме на индивидуалните примери.

  7. Teko

    Снимката ја гледав пред една недела и можам да кажам дека дискусијата немаше врска со темата. Тотален колапс.
    Чом како водител не треба да ја испушта примарната дискусија од раце.
    НАЈ ЈАКА БЕШЕ ТАА ОД АГЕНЦИЈАТА, крш … НЕ ЗНАЕЛА КОЛКУ ВРАБОТУВАЊА ИМА … АМИ КОЈ ДА ЗНАЕ !!!!!!!! КОООООЈЈЈЈЈЈЈЈ ЈАС? … заводот за статистика хахахаха кој ги дава податоците на заводот за статистика.
    Петар си беше супер, само хаха индијците … се е супер, и убаво си кажа дека се враќаат индијци назад и им рипаат платите.
    Е сега во еден мој пост јас напишав и изнесов податок кој го добив од мој колега (индиец) дека просечен индијски програмер зема околу 11,000 годишно … Индија веќе има недостаток од инжењери и проекцијата за 2010 вика дека таа бројка ќе изнесува 50,000 … Што значи платите ке одат ГОРЕ! Е сега дали IBM ќе сака да outsource-ува таму или ќе ја промени дестинацијата!?!?!?! Што правиме после … Која невработеност во Индија!!!
    Outsource-ингот е привремено решение за многу работи. Сите Outsourcing проекти пропаѓаат ако траат подолго од 2 години (податок од Gartner)…
    Според мене изградба на researching и технолошки центри, развој на крајни продукти се многу подобро решение од outsourcing.

  8. Anonymous

    Ам провокација може да биде и позитивна да работа – посебно во општество за кое некои работи се баук. Не гледам проблем со изјавата, сем дека малку не промислена, ал фино може да излезе, ако се анализира

  9. Вероника

    хммм…

    на страна дадениот опис за Најди од страна на Чом, еден друг момент ми беше… индикативен 🙂

    Елем, како е можно тој првпат да дознава 10 мин пред емисија дека Петар К (значи еден од гостите на неговата емисија, за кои би требало елементарен рисрч да се удри пред истата, за да знае со каков профил на гостин се среќава) е човекот кој го изработил Најди?!?!?

    Го имало по сите медиуми, ако јас можам да го знам тој податок, белки ќе се согласите дека новинар кој претендира (го потцртувам овој глагол) да се вбројува меѓу водечките тв новинари, мора да го знае ова?

    Впрочем ,можел на Најди да си напише Петар Кајевски и се ќе било во ред- а и ќе дознаел дека Најди не е провокација, туку пребарувач.

    Доволно на темава…:)

Коментарите се затворени.