Реклами на Facebook. Може ли да променат нешто?

Актуелна тема. Мноооогу актуелна тема. Всушност тема која може конечно да мрдне некои закоравени работи на полето Интернет огласување во Македонија.

Ме радува ова што се случува со рекламирањето на друштвенава мрежа. Неофицијално (врз основа на  личен разговор со Филип) моментално има повеќе од 4о различни македонски огласувачи на Facebook. Филип работи сериозен труд на темава, па во иднина ќе може да очекуваме некои посаглам податоци. Но, до тогаш може само да констатираме дека Facebook собра повеќе платени реклами од вкупно сите други сајтови на македонски јазик.

И сето тоа е убаво. Мојата логичната претпоставка за ваквиот тренд е следна: Facebook е популарен, многу луѓе го користат, шема е, сите за него зборуваат и доста важно, релативно лесно може да се пушти реклама и да се има комплетна контрола над неа, без посредници, без лажни бројки за посетеност, без лажни ветувања и што е најважно без закуп на кило.

Има многу аспекти кои може да се анализираат кај овој тренд, но јас на кратко во постов ќе прокоментирам само два :)

1. Дали некој се грижи за успешноста за рекламните кампањи?

Убаво. Ќе ставите сликичка, ќе впишете текст, можеби и ќе таргетирате и толку. Завршена работа. Но дали е тоа доволно? Дали некој се запрашал дали и како може да го зголеми ефектот на рекламата? Дали некој се обидел да спореди ефект од реклама на Facebook и реклама на некој друг локален сајт. Дали некој седнал да направи анализа на корисниците кои му ја кликат рекламата. И, конечно, дали некој брои колку конверзии направила таа реклама?

На вебинарот во четвртокот, претставникот од ТимПоинт беше запрашан за дел од овие работи, и тој гордо истакна дека им била понудена услуга рекламирање на FB, но тие сфатиле дека можат сами да го направат тоа и дека биле задоволни. Но ни збор повеќе, од што тоа се задоволни? Кои биле целите кои си ги поставиле и исполниле?

2. Закуп на кило.

Една од работите кои најмногу ме иритираат на локалниов пазар за интернет огласување е временски закуп на рекламен простор. Тоа автоматски дозволува низа манипулации и непрецизни договори со сосптвеникот на сајтот а во исто време и го демотивира огласувачот да закупи простор за реклама. Е сега, поучени огласувачиве од искуствата со FB, се наметнува прашањето дали конечно ќе побараат во маркетинг понудите на сајтовите да има нешто повеќе од закуп за недела или месец? Дали конечно тоа ќе ги натера и сопствениците на сајтови да почнат да користат соодветни системи за дистрибуција и управување на реклами со кои ќе можат да испорачаат многу повеќе од едноставно објавување на банерот?

Доста е. Отворив едн куп прашања. Ајде, да не стои така незавршен постов, обиде се да го споделиш твојот став барем на едно од горе зачнатите прашања :)


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Local, Marketing, Social Media. Bookmark the permalink.

11 коментари на "Реклами на Facebook. Може ли да променат нешто?"

Коментирај!