Земјотресите или авионот? Што е поважно?

Тргнав да пишувам твит, три пати го сменив текстот, па испадна дека треба да се најмалку два, па на крај решив да пишам пост. :) И ми дојде фино на душичката, дека блогот ми се виде како подобра опција :).

Од локалана перспектива, што е поважно? Десет дена под отворено небо.…  или Ербасот соборен

Прашањево го поставувам од едноставна причина. Појдов на Time.mk и таму видов дека во гнездото од вести на тема земјотреси има вкупно 34 вести. А во гнездото за авионската несреќа повеќе од 80.

Можам да претпостава/навлегувам во можните причини зошто е тоа така, ама мислам дека нема потреба. Исто така знам дека јас сум тој истиот што секогаш мрчи за немањето -вести од светот- во локланите информативни емисии, ама ова е друга ситуација.

Едноставно, не верувам дека некому животот и работата му зависи од падот на авионот.


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тека музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in local, News. Bookmark the permalink.

6 коментари на "Земјотресите или авионот? Што е поважно?"

Коментирај!