Media & Marketing Blog

Гранична веб-патрола

Според првичниот извештај на BBC, пренесен и на „Smart Mobs“, властите на САД планираат на сега засилената граница со Мексико, во обид да ја спречат нелегалната емиграција, да постават камери до кои преку интернет мрежата ќе имаат пристап и обичните веб-сурфери.

Идејата е кога некој од нив ќе забележи некакво сомнително движење веднаш да ги алармира властите и да ја зголеми ефикасноста на надзорот на границата.

Оваа иницијатива може да се коментира од повеќе аспекти, но теоријата на Џереми Бентхам и Мишел Фуко за паноптиконот е секако најподатлива за разоткривање на можната опасност да почнеме да се надгледуваме заемно себе си за зачувување на моќта и позицијата на оние кои го овозможуваат и охрабруваат надзорот.

Technorati Tags: , , , , .