Media & Marketing Blog

Претскажување на иднината

Цената на дневните весници во Македонија се смени. Се разбира се покачи. Овој потег се очекуваше долго. Навистина кога ќе се спореди со порастот на цените на останатите производи и услуги овој потег слободно можеме да речеме дека дојде прекасно. Сега купуваме весници кои се поскапи за 50%, но дали на сметка на покачувањето имаме право да очекуваме и покачување на квалитетот. Јас мислам ДА.

И покрај економската логика која ги примора издавачите да ја сменат цената, сепак, мислам дека како оправдание или како борба за опстанок уредниците и сопствениците мораа да преземат некој дополнителен потег за да ги мотивираат читателите да не се откажат од својот дневен (т.е. вечерен) ритуал. Е тука лежи мојот наслов на овој блог-пост. Сега, како одговор на покачувањето, весниците излегуваат попладне, наместо навечер.

Замислете си ја ситуацијата: сте заглавиле еден час повеќе на работа, и по пат накај дома некаде околу 18:00 си купувате весник. Доаѓате дома и додека ви се олади салатата во фрижидер (ладилник 🙂 вие веќе сте ги разлистале утрешните весници. И потоа слободно можете да си излезете некаде на кафе или “не дај боже” во театар и ич да не му се секирате што нема да ги гледате вестите на ТВ.
Или едноставно можете да престанете да ги купувате се до моментот кога тие ќе почнат да нудат нешто што вреди да се плати.