Media & Marketing Blog

Чешка : Македонија 6:1 (МТВ : Македонија 10:0)

До кога нашиот национален радиодифузер кој се крие зад трите, светски прочуени букви МТВ ќе поттикнува градење на двоен национален идентитет? Откако првиот и вториот канал го поделија на македонски и албански (другите етнички заедници се присутни само во траги), а за третиот собраниски не вреди ни да се коментира, сега нашата национална телевизија, нашата национална “гордост” се обидува да го изгради нашиот интернационален идентитет. Па така за време на натпреварите од Лигата на шампионите (ве оставам да претпоставите колку наши фудбалски тимови играат во оваа лига) тие се пренесуваат истовремено на двата канала на нашата МТВ, за да не им се ускрати правото на нашите сограѓани Албанци да уживаат во натпреварите со коментар на својот мајчин јазик. И сето тоа би било убаво, нели ние како земја која толку многу сака да стане кандидат за членство во Европската унија, сакаме директно да се вклучиме во најинтересните збиднувања од областа на спортот, но жалосно е кога нашата национална репрезентација игра важен натпревар (не знам дали Албанци играат во нашиот тим), натпреварот се пренесува само на првата програма (македонскиот канал), додека за албанските граѓани не се врши пренос на нивниот мајчин јазик. Па, зарем спортот не е еден од најважните фактори во градењето на националната свест и идентитет. Зарем не треба сите заедно да навиваме за нашата репрезентација (и покрај слабиот резултат) или пак можеби на албанскиот канал ќе се пренесува секој трет или четврти натпревар за да се одржи нивото од Рамковниот договор за 25 процентна застапеност. Откако на вториот канал, извинете ако премногу грубо звучи кога го нарекувам албански, ни ја скратија државата и во временската прогноза на Албанците им се нудат информации за ветерот и температурата во градовите во западниот дел од Македонија, а не и во македонскиот дел од државата (како што би рекле новинарите од весникот Факти), зарем сега треба и фудбалот да го поделиме на меѓународен и интересен за целата нација и на македонски кој ќе му се сервира само на еден дел од нацијата, зошто “челниците” на албанската редакција веројатно не го сметаат за достоен да се пренесува на нивниот канал. До кога вака кон Европа?

2 коментари на “Чешка : Македонија 6:1 (МТВ : Македонија 10:0)”

  1. Baju Bayi

    Wow, fantastic blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your site is fantastic, let alone the content!. Thanks For Your article about Чешка : Македонија 6:1 (МТВ : Македонија 10:0) | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.