Media & Marketing Blog

Ситнење на колачот

Една од последиците на растот на новите медиуми е дисперзија на рекламните и други видови на „колачи“ на повеќе играчи. Исто така, преместувањето на дел од средствата за реклами од класичните во новите медиуми, особено во онлајн медиумите, ќе биде значаен фактор за тоа како ќе функцинираат самите медиуми. Овие процеси на глобално ниво се мошне потранспаренти отколку кај нас, но реално е да се очекува нивно пресликување порано или подоцна и кај нас:

The Chronicle’s announcement earlier this month that 100 newsroom jobs will be slashed in the coming weeks in the face of mounting financial woes represents just the latest chapter in a tragic story of traditional journalism’s decline. Reportedly losing an estimated $1 million a week, the paper’s owner, the Hearst Corp., concluded it had no recourse but to trim costs by laying off reporters, editors and other skilled professionals, or offering buyouts to the most seasoned journalists in order to induce them to leave. The cuts reportedly will amount to a quarter of The Chronicle’s editorial staff.

Втурнати во вакви економски сцили и харибди се очекува класичното новинарство сè повеќе да се ориентира кон забава и напуштање на строгите принципи на објективност и професионалност во информирањето (како илустрација ударни вести на денешниот тв-дневник на Сител беа украдениот саат на Буш во Тирана и пијаниот настап пред новинарите на Саркози на Г-8).

Последните податоци на светско ниво наведуваат значителен пораст на рекламните приходи во онлајн-медиумите:

The Interactive Advertising Bureau (IAB) and PricewaterhouseCoopers LLP (PwC) today announced that Internet advertising revenues reached a new record of $4.9 billion for the first quarter of 2007. The 2007 first quarter revenues represent a 26 percent increase over Q1 2006 at $3.8 billion and a 2 percent increase over Q4 2006 at $4.8 billion.

При крај и малку локално-регионален осврт кон феноменот на он-лајн рекламирањето и поместуивањата кои тоа ќе ги предизвика:

Во иднина очекувам да има се помалку реклами кои ќе бидат прифатени од публиката и кои ќе опстојуваат. Не зборувам за рекламите кои се најдобрите и кои добиваат награди во Кан, но во иднина навистина ќе има само неколку реклами кои ќе се одвојуваат од другите по нивниот квалитет. Во следните 10 години растот на он лајн маркетингшкиот пазар ќе биде минимум 30% – затоа што за пет години порасна 5%. Он-лајн рекламирањето не се очекува да го замени класичното рекламирање во ТВ, радио и весници – тие секогаш ќе постојат, затоа што секогаш ќе постои конзервативен и модерен дел од публиката. Животот генерално се движи во круг, така што нема да се дозволи монопол на еден медиум.

Томаж Павликовски од „Публицис“ за „Капитал“;

2 коментари на “Ситнење на колачот”

  1. purificadoras

    Thank you for producing the powerful, dependable, educational and as well as easy tips about your topic.

  2. louis vuitton outlet

    It’s hard to find knowledgeable individuals on this topic, but you sound like you understand what you’re talking about! Thanks

Коментарите се затворени.