Media & Marketing Blog

iPad и светот потоа

Се сеќавате на постот во кој го објавив сликите од овој блог на iPad, кои ми ги прати Милчо? Е, па Милчо всушност тогаш и си купил iPad и набрзо потоа се заљубил човекот. Веднаш му предложив да напише пост за неговото личноискуство , но му требаше еден месец за да му помине првичната еуфорија. Еве го подолу крајно искрениот гостински пост на Милчо Узунов:

Штом го купив мојот iPad сакав веднаш да ја споделам мојата еуфорија со светот, но тогаш ништо немаше да биде објективно и се ќе беше испомешано со емоции и не сосема логично. Денес по скоро месец дена дружење со мојот iPad и откако на свет дојде новиот iPhone верувам дека можам сериозно и од реална дистанца да ги сумирам моите импресии за малото уредче кое дигна толку врева пред и позади себе.

Photo by Apple

Немам намера да ве заморувам со техничките детали (батерија, екран, копчиња) кој ги имате насекаде околу вас, она што сакам да го споделам е личниот впечаток и промената која овој уред ја создаде кај мене и моите секојдневни навики.

Нова класа, нови предизвици

Таблетот (iPad) е класа за себе. Есенцијално откако го користам ја сменив мојата рутина на користење на компјутер (лаптоп, десктоп). Сега поврзувањето на интернет е многу лесно преку мојата „електронска тетратка“ која ја фрлив на каучот покрај мене (нормално заштитена во гумена футрола и проѕирна фолија). Така не морам да одам да седнам пред компјутер или да го тргнам на маса лаптопот или нетбукот кои грејат и бучат. Од овој аспект може да се каже дека iPad-от го третирате како мобилен или како некаков весник кој секогаш е тука покрај вас.

DSC_0760

Го користам за она за што го користам 90% лаптопот (десктопот): меил, RSS Feeds, сурфање. Кога ми треба да го користам како лаптоп, сакам да пишувам или да бидам поефикасен во чат сесијата со моите пријатели ја користам дополнителната тастатура. Практичен со батерија од 12 часа го оптимизира моето време на интернет и се чувствувам многу комфорно но и природно додека го користам.

Овој уред е дизајниран како да е наменет за некој кој што прв пат гледа, да не речам прв пат допира компјутер и од тој аспект е зачудувачки како луѓето од Apple успеале да го исфрлат технолошкиот товар кој го носиме со себе и да го редизајнираат компјутерот одново.

Photo by iA

Магијата на допирот и презентацијата

Можноста да го допрете она што го гледате е исконска и со неа сте се сретнале кога прв пат сте виделе компјутер, но сте морале да ја потиснете таа фрустрација со глувчето, кое сте морале да го користите ако сакавте да дадете команди преку GUI (графичкиот кориснички интерфејс). Сега тоа можете да го направите онака како што ви налага инстинктот – со допир.

Нема потреба да кажам дека она што го има направено тимот на Џобс е добро пакување, едноставен и природен flow на апликациите и феноменален кориснички интерфејс.

Можеби има мали ограничувања (без флеш и без мултитаскинг) но купив Apple производ што значеше бев информирам што купувам и што да очекувам, така да не се жалам.

Дали iPad ќе ги спаси печатените медиуми?

Освен ако печатарите не се свестат, не престанат да бидат алчни и не почнат да инвестираат во својата иднина. Како што е тргната работата, не верувам.

Како за илустрација Pulse Reader е во суштина она што им фали на весникарите. Оваа апликација беше хит број еден по продавање и симнување од Apple продавницата, чини 4$ а ја направија двајца дечки од Станфорд „за своја душа“ како алтернатива на досадното прелистување весници (тргнувајќи од аспект на корисник). За 20 дена имаа повеќе од 15 000 симнувања, или во пари заработија 40.000$ (откако Apple си зема 30%). А како на ова одговорија весниците прочитајте: Pulse News Reader for iPad praised by Jobs then yanked from App Store

Имено тие наместо да научат лекција си продолжија по старо со нивните досадни view-ери (NYT Editors’ Choice, USA Today , Newsweek и слични да не ги набројувам).

Photo by Apple2

Нешто се обидоа да направат Popular Science со помош на проектите на Bonnier ама беа премногу алчни и бараа иста цена на е- верзијата на магазинот како оној во трафика 5$ од број (лудо!!!).

Да го цитиран Хуан Сењор од Innovation за да преживеат весникарите мораат “Innovate, reinvent yourself or die”.

Во МК

Стандард како и за се, од сите аспекти ќе си почекаме да дојдат работите кај нас. И од хардверски и од софтверски а за весниците кај нас, далеку сме ние од светот. Дај боже да грешам и некој да не изненади со македонска iPad апликација.

За крај

Ја уживам да сурфам со мојот iPad и топло препорачувам да си купите ваш.

48 коментари на “iPad и светот потоа”

  1. Apple

    Исто така имам меѓу првите iPad, дури и многу на кои го покажав бараа и почнав да носам од САД и Европа (види на пазар3). Една работа која сепак не си ја спомнал во овој текст полн со фалби, е за жал недостатокот на Македонска кирилица. Тоа и не би било премногу проблематично, да имаше начин барем во google да се пребарува на македонска кирилица, бидејќи за се друго, може да се преживее и со латиница.

    Втора маана, е што не може да се додадат фонтови, освен во jailbreak-уваната верзија.

    Се дотогаш, iPad нема да биде тоа што може да биде за македонскиот пазар.

  2. Darko Buldioski

    Веројатно ќе одговори и Милчо, ама еве и јас ќе се замешам :).

    iPad нема кирилица зошто не е официјано влезен на нашиот пазар… веројатно кога ќе дојде тој момент овој недостаток ќе биде надминат…. а кога ќе биде тоа….. е друга прашање 🙂

    Што се однесува до Google, погледни на http://www.google.mk/ десно до полето за внесување на термин за пребарување има МК тастатура, Google го воведе тоа пред некое време…. http://it.com.mk/google-so-virtuelna-tastatura-za… Не велам дека ова е крајно решение, ама сепак.. делумно може да го реши овој проблем 🙂

  3. Apple

    Одлична забелешка за google.mk, ќе треба да пробам на iPad-от дали е функционална.

    За другото, точно е дека македонска кирилица нема затоа што не е официјално влезен на нашиот пазар. Но за други земји, каде што исто така не е влезен iPad, во iTunes продавницата се наоѓаат тастатури, на пример на корејски, арапски, еврејски, па и други јазици за кои Apple нема официјална подршка.

    Значи потребен е некој што знае тоа да го изведе како апликација, може да заработи некоја добра паричка во моментов, со оглед на тоа колку станува баран iPad-ot во Македонија.

  4. Darko Buldioski

    Хм… не верував дека (ќе) има толкав интерес…. ама штом продаваш… ќе ти верувам 🙂 немам јас ниту искуство на темава нити опрелевантен извор 🙂

    Ова со апликацијата / тастатура е одлична идеја за заработка 🙂 ај белки ќе се најде некој 🙂

  5. Милчо

    Сосема се согласувам со Apple дека iPad во моментов нема македонска тастатура и дека тоа е проблем кој треба да се надмине.

    Во меѓувреме јас лично се снаоѓам на два начина. Инсталирав Руска тастатура (доаѓа под дефолт и ги има повеќето кирилични букви од нашата азбука) или кога пребарувам со google користам google.mk.

    Но останува фактот дека некој треба да направи мала апликација која ќе овозможи македонска тастатура (тоа веќе го направија грците, израелците, корејците, има тастаура на арапски…), ем кој ќе ја направи апликацијата ќе заработи некој долар ем сите ќе се среќни.

    Што се однесува до фонтовите не би се согласил баш.

    Во iTunes има 6-7 апликации со кои можеш да си додадеш фонтови.

    Јас ги имам All fonts и Fonts. Да, не е совршено, не работат во сите апликации (знам проблемот е дека не може да се менува фонт во pages, keynote…) и не како во word.

    Поентата ми е следна.

    Неќам да го бранам Стив Џобс ама верувам дека ќе има наскоро подобрувања на ова поле со OS4 за iPad. Исто така iPad за мене е платформа на која developer-ите треба да развиваат и истата е стара 3 месеци. Да и дадеме малку време, башка сето ова е ново за луѓето нека го преџвакаат малку. 🙂

  6. Apple

    Милчо, во право си. Се што мислев дека фали на текстот е една анализа и на слабостите. Се сложувам дека уредот е фантастичен, и покрај неговите недостатоци, кои во најголем дел се заради неговата младост, но реално е неопходен и еден критички осврт.

    Инаку прашањето со фонтовите се решава со jailbreak, тогаш фонтовите ти работат исто како дифолтните. Се друго е крпеница.

    Прашањето со тастатурата е сериозно, но ако некој се осмели да ја направи и продава дури и по $3 на пример, набрзина може да заработи со гаранција некоја илјадарка, според бројот на моментални iPad уреди во Македонија.

    Девелопери – НА РАБОТА! 🙂

  7. Apple

    Miksa. Имаш мултитаскинг. Уште сега, за дел од апликациите, а од есен, со нивиот OS4 и за сите апликации.

    Споредбата со лаптоп е како да се споредува камион со кола. Камионот собира повеќе ствари, и има повеќе можности од кола. Од друга страна смешно е за низ град да се возиш со камион – затоа и имаме коли. Исто така, кога сакаш негде да стигнеш побрзо користиш кола.

    Така и iPad е како кола. Ако сакаш да стигнеш негде брзо и ефикасно, и мобилно и со лесно „паркирање“, тогаш овој уред е ѕвер. Сега откако го имам сфаќам дека многу глупо да се отвора и вклучува лаптоп (или не дај боже шлепер, т.е. декстоп), за скајп, интернет, музика и 90% од работите што ги правиме со компјутер.

    Кога ќе го имаш, ќе ти се смени мислењето.

  8. Miksa

    Мислам дека за 500 $ (и со букви: петстотини долари) ќе имав multytasking. Која година сме, '95? Настрана сите "WОW и фенси фактори (и touch глупости)," Ipad-от е само една обична пластична "играчка" која неможе (а и не смее) да се споредува со еден најпросечен laptop.

  9. Anonymous

    Multitasking is overrated… Демек човекот може да прави 5 работи одеднаш па сега ти треба и iPad да прави 5 работи. Доволно е да свири музика и да сурфаш истовремено. Или музика и читање книги… Писито нека тера мултитаскинг, и онака иПад не ти е единствена машина дома.

    Мојот проблем со Епл е што софтверот и хардверот се затворени скроз, и за целосно да го искористиш софтверот и хардверот за кој си платил твои пари, мора да користиш џеилберјкови кои што ги нарушуваат условите на гаранцијата. Ем мое, ем мора да крадам…

    Андроид му е мајката, кај и да е, ќе успее да го стигне Епл – отвореноста на Андроид им овозможува на хардверските производители да прават што сакаат. До крај на годинава дефинитивно ќе го биде Андроидот…

  10. Apple

    @Kiro, за Андроид не сум баш убеден, бидејќи тргнува по истите (погрешни) стапки кои во 80-тите ги направи Microsoft. Веројатно ќе успеа да биде подоминантен OS, односно ќе има поголем удел на пазарот, но далеку од тоа дека ќе го направи подобар.

    Затворениот пристап на Аpple, има и предности. Директниот пристап на самиот хардвер на секоја апликација, овозможува многу добра брзина. Спореди ХТЦ и iPhone, и ќе видиш и најбрзиот ХТЦ во реалноста е поспор од iPhone. Зошто, ако според спецификациите има појак процесор и хардвер? Затоа што за да работи на сто уреди, секоја апликација е прво процесирана од ОС-то, па потоа преведена за да работи на тој хардвер. Кај Apple уредите тој процес се рипа. (ова е аматерски кажано, ама ме разбираш).

  11. Darko Buldioski

    @Киро чекај малку…. ти сакаш слобода на iPad како корисник а од друга страна викаш Androidot ќе им дадел слобода на хардверските производители да прават што сакаат…. паралелата не ти коректна….

    Apple се фрикови кога станува збор за User experience (постов на Милчо е жив пример) па оттаму не сакаат да ризкуваат во нити еден момент од позитивното искуство на своите корисници, затоа не користат Flash и не вадат се што може да извадат одеднаш… се додека не с 100% сигурни дека тоа ќе ги задоволи нивните критериуми. Токму затоа држај јака контрола за тоа што се случува со нивните уреди се со цел да може да го обезбедат тоа задоволство…. Е сеа, факт се си има цена, пазарот е отворен различни корисници сакаат различни работи…. секој има право на избор….

  12. Apple

    @Киро, jailbreak не е крадење, ниту илегално. Единствено треба да му направиш рисет на уредот пред да го носиш на сервис. Биг дил! И онака колку често носиш компјутери, лаптопи итн., на сервис?

  13. Miksa

    Ех.. .http://gizmodo.com/5458382/8-things-that-suck-about-the-ipad. И уште еднаш: 500 долари…

    Во секој случај, Ipad-от за мене е само еден вид на mainstream производ кој секој мора да го има бидејќи е cool (слично на Iphone-от). Се разбира дека постојат луѓе кои преферираат Apple продукти, но за мене, сиот тој overpriced hunk of plastic не е ниту одблизу the next best thing in technology.

    PS: Не вреди споредбата со колата и камионот – освен ако колата не чини колку два пати камионот, како што е во случајов.

  14. Apple

    Има коли што чинат и десет пати колку камион. Тоа наликува на прашањето, зошто да купуваш ферари, кога југо ти е поевтино 😉

    Цената не е толку нереална, кога ќе се види дека еден добар нетбук чини околу $400, а не може да направи добар дел од работите што ги прави iPad (пример, нема 12 саати батерија, 3Г, тач скрин, таква мобилност, добар ОС, туку очајниот Виндоус, нема 250,000 апликации што се под $3 ЛЕГАЛНО, достапност на iBooks, итн., да не редам. (Сега и нетбук има тоа што нема iPad, пример Фотошоп. Ама колку пати ти се случува да фотошопираш на плажа, во кафич, во парк, во кола, во движење, или кога седиш дома на кауч и ти се гледа Youtube, додека баба ти гледа Шехерезад?)

    п.с. Патем да спомнам дека немам ниту еден друг уред на Apple, дури ни iPhone. Ама после искуството со iPad-от, мислам дека тешко е да се вратиш веќе назад… ти иде тоа виндоусот да го утепаш со двоцевка, и редовно се случува да ми тргнува раката кон екранот да допрам нешто…

  15. sds

    со едно се согласувам, нема враќање назад!

    едвај чекам повторно да ги чујам зборовите " and another great thing about"…

  16. Милчо

    Уффф ама се расплини дискусијата.

    Да сумирам.

    И мене ова ми е прв Епл производ, кој го купив меѓу другото заради корисничкото искуство, опцијата на избор на друг поглед на свет и фактот дека не морам да рестартирам уред „чисто пошо ете се случува“ или се појавил плав екран.

    Досега (нели да чукнам во дрво) уредот се нема ниту зд`ткано а камо ли да се укочи или сл. Дел од приказната зошто Епл има толку приврзаници е баш тоа, дека од корисничка страна се тече едноставно и фино (не ни сакам да ја знам програмерската страна на приказната бидејќи верувам дека тие таму крв плукаат).

    Што се однесува до затвореноста на системот и контролата од Епл на иста страница сум со Дарко, строгата контрола не дава на кој ќе му текне да пушти ѓубре апликација и да ти го крешува системот. Стандарди и контрола не е еднакво (=) со open source (барем не за мене).

    Башка 3$ апликација (легален софтвер сите среќни) ама за 3те долари одговорност има (корисничка услуга), не работи апликацијата, баг сл. некој го крка за тоа бидејќи мора да ти гарантира услуга или во крајна инстанца ќе ти ги врати парите.

    На крајот на краиштата Епл е избор и нуди алтернатива како што нудат и други. Не е се розово има и за и против сегде. Се е прашање на избор.

  17. Anonymous

    – Епл не дозволува џеилбрејк. Башка што ќе ми е џеилбрејк кога ЈАС СУМ ПЛАТИЛ и сум си ја купил машината. Да брејкувам во моја машина?

    – Не сум малоумен и малолетен за да мора АппСторе да ме води за рака низ апликациите. Ако некој не сака да „ризикува“, нека си купува од АппСторе. Јас сакам легално да постои и АппДуќан, и АппШоп, и што и да е, а не Епл да определува дали може порно или не на МОЈОТ уред.

    – Мајкрософт е затворен – еве до каде стигна. Андроид (Линукс нели) е отворен и ќе може да дозволи да чепкаат кој колку сака. Ако затвореноста е добар концепт, тогаш и Мекинтош ќе постигнеше подобри цифри на продажба, а не 30 години се мачи околу 3-5% од продажбата на Писија…

    – Па мислам дека на Епл и не им е толку оптимизиран софтверот? Зошто би имал оптимизиран софтвер кога хардверот им е ѕверски?

    – Самиот концепт на заштита на интелектуална сопственост (копирајт, де) е проблематичен, а Епл здушно го брани. Андроид му е мајката. Уште малце…

    (од Епл имам iPhone 2G – кога го видов, реков го сакам и го купив. и нарачував анлокери од тајван, џеилбрејкување, ова, она… батеријата веќе почнува да цркнува, ама затоа како да ми е залепен за рака 24 саати дневно упм… што ќе рече, го чекав да се појави некаде од 1994-та кога го купив Psion 3c мојот прв PDA, го дочекав. но ќе има и побољи…)

  18. Јован

    Благодарам Милчо на искуството од прва рака, навистина ми значи иако како што знаеш јас сум anti-closed човек. Тука се мешаат 2 работи – UX со бизнис модел. Искрено се надевам дека брзо ќе дојдат поевтини и подобри Андроид таблети кои ќе овозможат нова перспектива на користење на интернетот.

    Она што ме интересира е перцепираното прифаќање на iPad во US, поточно колку „ин“ станува и кај кои таргет групи. Бидејќи се движиш таму искрено ме интересира кои се типичните купувачи на овој уред.

    Исто така имајќи ги во предвид твоите претходни знаења дали мислиш дека медиумите реално се надеваат дека уредов ќе ги спаси?

    Конечно кој сака малку историја не е лошо да прочита нешто за Newton, Palm, UMPC (од она што ми текнува во моментов…

  19. дамјан

    хеј, шо сакате прајте со iPad-от ама не го викајте компјутер.

    Заврши таа приказна.

    Apple веќе се помалку ги интересираат компјутери (general purpose алатки кои можеш да ги користиш/програмираш за што сакаш), а се повеќе си ја градат новата broadcasting мрежа (сосе рекламите).

    Yep, по fancy е од TV, но сепак е истата глупа кутија која ти не ја контролираш.

  20. Apple

    Интересни ми се сите негативни коментари од луѓе што ниту виделе, а камоли па користеле iPad. Ме потсетува на времето кога луѓето викаа „шо ќе ти е интернет на телефон, на тоа ли малецко екранче ќе сурфаш?“, за истите сега да купуваат смартфони.

    Дискусијата со Андроид е поинтересна. Тоа е следната голема технолошка битка, но не би се сложил дека Андроид му е мајката. Впрочем, се што ќе следи ќе биде, како и со iPhone-от, најчесто бледа копија/плагијат на оригиналот. ХТЦ Андроидите се доказ за тоа, кои и покрај техничката мускулатура, се како тромави џинови во споредба со брзиот и мазниот iPhone. Патем имам ХТЦ и знам што зборам.

    Затвореноста мене не ме загрижува воопшто, бидејќи разликата во пристап е многу суптилна. Apple вели за овие апликации гарантираме дека работат со задоволство на нашиот уред – и навистина кога Аpple гарантира, тоа е така. За другите апликации ти вели, користи ги на свој ризик.

    Микрософт/Андроид и слични, ти велат, ништо не ти гарантираме, користи ги сите апликации на свој ризик. И така и е: често блокираат, успоруваат и рестартираат.

    Па сега бирајте…

  21. Kiro Velkovski

    HTC не е Андроид.

    А Мајкрософт да е ист со Линукс, и тоа да видам.

    Всушност, глорификацијата на dumbing-down концептот е проблем. Епл мора да го отклучи хардверот за да можеме раат да си ставиме Андроид.

  22. Apple

    Не реков нигде дека ХТЦ е Андроид, туку дека како производител на најголемито број на Андроид телефони, се покажува дека и со јак хардвер, заостануваат зад iPhone OS.

    Dumbing-down пак е мисномер, бидејќи напротив овде станува збор за смарт-платформа, која како ниедна друга ги тестира сите апликации што работат на неа, и потоа ги пушта во етерот. Не дозволува корисникот да биде експериментално глувче, и да се чуди зошто нешто се кочи, рестартира, влече вируси итн.

  23. Милчо

    @Jovan колку за илустрација кој го купува и колку купуваат iPad во USA?

    Откако решив да купам iPad 3 дена се јавував по сите продавници на Apple и Best Buy (бидејќи и они го продаваа) и на крај имав среќа да ми кажат од Apple продавницата во трговскиот во Монтгамери во Мериленд (пола саат метро + саат време со автобус од центарот на Вашингтон) дека имаат 32GB верзија и имаат 20тина парчиња, а ако сакам да купам 16GB верзија има wait листа од 300 души.

    Побрзав си купив iPad ама немаа accessories што сакав па ај барај по други продавници. Ама пази highlight, одма после мене во продавница влегуваат маж и жена околу 40-тина години во одела, од работа излегле да си купат по еден за секој од нив и ко мали деца се радуваа.

    Исто за илустрација прочитај го текстот и види кој се купил.

    Инаку настрана од early adopters, 50% од тие што имаа ipod сакаат да купат iPad ама ќе почекаат коа ќе стигне во продавницата во комшилук значи за година, две.

    Инаку зачудувачки за мене беше дека iPad сакаше да купи мајката на една наша пријателка која има околу 60 години и досега немала компјутер (iPad и беше лесен за користење и интуитивен).

    Од друга страна пак сите тие што ги знам што имаа купено Kindle нема да купат iPad (па сеа ти види).

    За тоа дали ќе ги спаси или не медиумите (весникарите) веќе пишав во текстот малку. Ако весникарите чекаат да бидат спасени ништо работа не бива. Ова им е шанса да се реинвентираат самите себеси или да умрат со кукање. Ова им е шанса со помош на овој уред да успеат да продуцираат подобри и поефикасни вести кои ќе можат да ги наплатат а да ќе ги немаат трошоците за печатење и дистрибуција.

    Што ќе биде ќе видиме има време (рано е).

    Како што кажав веќе јас iPad го гледам како платформа на која треба да се развиваат апликации, и дава голема слобода ама си бара и почитување на интерфејс правила.

  24. Anonymous

    Врзувањето на софтверот и хардверот е ствар на минатото. Додека не се портира iOS на HTC нема да дознаеме кој оперативен систем или кој хардвер е побрз. Мене ми изгледа дека хардверот на Епл е побрз (како со лаптопите), а оперативниот е побавен.

    И огромна грешка е да се третира АппСторе дека е добар бидејќи не можат „срања“ да му пројдат на будното око на Стив Џобс. СССР беше исто така с`е под целосна контрола. Но, не би го затворил АппСторе, туку би пуштил и други начини (т.е. би го отворил телефонот) за инсталација на софтвер. Па кој сака да ризикува, бујрум таму.

    Бабите ќе си купуваат на АппСторе, јас на ХакСтор. Аман више со третман на СИТЕ корисници како ретардирани… Оригинал како во СССР – сите сме исти 🙂

  25. Apple

    @Kиро, мислам дека некои концепти не ти се правилно сфатени. Џаилбрејк НЕ Е ИЛЕГАЛЕН. Исто како што не е илегално да го фрлиш мобилниот во шолја, или да му бутнеш струја од 1000V. ТОа што ќе се случи ако направиш тоа, нема да ти важи гаранцијата. Истото е и со џеилбрејк.

    Значи мисномер е да се зборува за затворена платформа. Всушност Apple има м*** да биде прва компанија што ќе гарантира не само за хардверот (како што прават сите) туку и за софтверскиот дел од уредот. Како и секоја гаранација (хардверска или софтверска) таа си доаѓа со ограничувања и правила. Но сепак, храбар потег од Apple да биде првата компанија која ќе гарантира за 250.000 апликации на нивните уреди. Нешто досега што го нема ни помислено ниедна друга компанија.

    Значи Cydia не е нелегална. Ако беше, што мислиш кај ќе беа до сега, ако Apple за еден украден iPhone провали во станот на уредникот на гизмодо? Cydia ќе ја немаше за 2 саати. Факт е дека Apple премолчано ја одобрува.

  26. Anonymous

    Патем и ИБМ ги убедуваше сите дека е најдобро и хардверот и софтверот да биде нивни. Ама тоа цркна некаде 1985-та. Истото се случи со многу пред и после нив.

    Епл не може да издржи со затвореноста. Кога ќе дојде пресудата, би сакал да чујам дека е пресудено Епл да мора да го отклучи iOS. Отклучувањето само ќе ја подобри платформата…

  27. Милчо

    @Киро во прашање се концепти ако збориме за компјутерите и хардвер и софтвер.

    Верувам дека и Мајкрософт ќе направи мадафака копмпјутер ако направи Windows што работи и е наменет само за 5 модела на ПЦ-а. Ама Бил Гејтс одбра друга тактика. Он вика дај тука ПЦ-то еве OS-от би требало да работи.

    Види и на двајцата им иде супер и на Епл и на Мајкрософт, ич не се за жалење само што имаат различни таргети. Се на крајот се сведува на избор.

  28. Anonymous

    Токму тоа го велам – отворениот концепт кој што Мајкрософт делумно го следи е подобар отколку затворениот на Епл (цело време НЕ збориме ич за хардверот освен што го спомнав дека е толку добар што ги сокрива мааните на iOS).

    Во случај на iPad/iPhone/iPod Touch немам избор. Морам да го користам само iOS (на WinTel компјутерите работат и други ОСи), и само апликациите што ги одобрил Епл. Нема избор.

    Сакам избор. Епл не ми дава избор на i платформата. Не му се пишува добро. Не ме убедувајте, џабе ви е, затворените платформи не успеваат. Замислете кола на која што не може да `и се стави стандарден бензин? Или стандардни фарови? Или стандардни тркала? Или стандардно радио? (аман више со аналогии со коли :D)

    Не знам што сум толку нејасен што толку се обидувате да ме конвертирате во приврзаник на затворени платформи?!?

  29. Милчо

    Се согласувам дека треба да има избор, и има од аспект на компјутери еве можеш виндоус на Мек да возиш не е проблем, ама мислам ќе им треба време на Епл да го отворат iPad, ipod, iphone за други Os-и.

    Иначе што се однесува до третирање на публиката како да е ретардирана не велам дека е најдобар метод ама сакам да кажам дека има и добри ствари. Еве на пример јас тргнувам од себе, не знам до што е, години ли, фаза во животот или што ама верувај ми сакам да платам колку чини апликацијата и сакам да ми работи и ако има проблем брзо да се реши. Некако немам време да инсталирам, кракувам, пробувам, па не работи па ај ова… Не дека нема убавини и во тоа (коа после 2 дена малтретирање ќе проработи и сл) ама некако после некое време неќеш да ја мислиш толку на тоа, се посветуваш на други работи.

    Ме разбираш мојот избор сега за разлика од порано е, ако е конплицирано батали, ако е во 3 чекора ок.

  30. Apple

    Бунтувањето против „затворената“ платформа според мене е смешно. Отворената платформа има многу повеќе проблеми (вируси, небезбедност, некомпатибилност, непостоечка контрола на какво-се-ѓубре од апликации, итн.). Затворена платформа имаат СИТЕ мобилни. Не постои мобилен кој од производителот се прави со цел да има повеќе ОС на него. iPhone не е исклучок, а и зошто би бил?

    iPad е исто така еден мобилен уред, кој не е лаптоп, ниту декстоп. Па дури може да се каже дека ниту еден лаптоп не доаѓа со избор на ОС така направен од производителот, освен лаптопите на Apple, кои имаат основа за Виндоус вградена, покрај OS X. Така да мислам дека овие коментари не се реални… плус, секаде каде што се бунтуваат против „затвореноста“, немаме објективни аргументи што би се подобрило ако не беше така? Баш ме интересира дали тие придобивки ги надминуваат минусите (види горе!).

  31. Anonymous

    НЕ ПОСТОИ УСПЕШНА ЗАТВОРЕНА ПЛАТФОРМА. Нели AT&T беше фантастично решение за ајфон? Нели сега насекаде има по 2-3-4 различни оператори што го шиткаат?

    Андроид има и АппСторе има и слобода…

  32. Apple

    Киро Велковски says

    НЕ ПОСТОИ УСПЕШНА ЗАТВОРЕНА ПЛАТФОРМА.

    Да не си пропуштил нешто? Од пред 2 недели, Apple е најголемата компјутерска компанија во светот, надминувајќи го Мајкрософт. Едноставно се работи за различен концепт, кој во последниве 5 години добива огромен број на приврзаници…

  33. darko buldioski

    Не гледам дека нешто ново аргументирано се случува во дискусијава. Едноставно тие (меѓу нив и јас) што имаме почит и кон затворените производи како избор на пазарот не велиме дека не треба да има и отворени. Значи сме далеку послободни и поотворени кога станува збор за пазар. Ние не се обидуваме да го затвориме Андроид или сл. Во дадена ситуација сме спремни да одбереме и таков производ.

    Од друга страна вие кои сте "борци" за слобода не ни дозволувате нас да имаме слобода на избор туку се обдувате да наметнете свој личен став и да ни го скратите изборот. Дали тоа е иднината на пазарот или не, времето ќе каже.

    Патем колку што слушам последниве денови и прозиводителите кои ставаат андроид не се баш спремни на секоја официјална објава на нова верзија од оперативниот систем да прават прилагодена верзија за нивните телефони и да ја објавуваат како своја официјална подршка за да може корисниците во рамки на гаранцијата да си чепкаат како сакаат.

    Сепак и тие не се баш толку слободни како што изгледа. Еве вчера ми рекоа дека некој нов модел на Sony Ericsson солидно модификувал Андроид и дека нема шанса да подржи сами да инсталирате нова верзија зошто нема да има врска со онаа која тие ја адаптирале за својот уред.

  34. Anonymous

    Што се две недели спрема вечноста? Башка Епл не ги прави сите пари од ајфон, туку и од други работи. Ако е затвореноста избор, зошто се префрлија од PowerPC на WIntel платформа. Зошто сите ги укинуваат dongles, DRM…

    Дарко, па ете ти го изборот – они избрале да го модификуваат (легално), ти одлучуваш да не го купиш.

  35. Apple

    Во секој случај клучните четири проблеми на отворената платформа се следни:

    – небезбедноста (отвореност кон вируси, хакери, спори апликации, итн.)

    – натрупаноста (затоа што мора да работи на куп уреди, се гомила огромна датабаза на драјвери итн., која го успорува целиот систем)

    – нестабилноста (нормално не може да се тестира во real-life однесувањето на платформата на секој можен уред, па се јавува нестабилност при работењето)

    – нејснотијата на корисничкиот интерфејс (поради големиот број на уреди и многуте можни комбинации на интеракција, корисничкиот интерфејс е најмал универзален именител, наместо да прави нови исчекори во олеснување на користењето).

    Фактот дека Apple отсекогаш беше малцински ОС (во рамки на PC светот) всушност му овозможи да развива интерфејс кој е многу полесен за користење. Сите луѓе знаат да работат на Виндоус, ама ретко кој знае на Мек. Затоа Apple мораа да направат интерфејс на кој човек и кој прв пат седнува, ќе може да се снајде. Во крајна линија ова доведе интерфејсот на Apple да биде многу по user-friendly.

  36. Anonymous

    Ете така… Едно по едно:

    – Небезбедноста е половично решена со затворање на инсталирањето на софтвер. Џеилбрејкот го докажува тоа. И секогаш хакерите ќе имаат решение за да го пробијат. Епл да стави клуч (во сеттингс) дали сакате да го отворите вашиот телефон за други продавници за софтвер, на ваш ризик. И да бара пин. И толку. Баби, дедовци, татковци, мајки нека си го држат заклучено…

    – iOS нека работи само на три уреди (всушност се 20). iPod Touch, iPad, iPhone (и еден куп варијанти и генерации). Како и Mac OS. НО, на мекинтошите може да се инсталира и виндоус. Значи истото и за iПлатформата би било решение.

    – Како погоре – они ти гарантираат за комбинацијата со иОС, но за другите варијанти на свој ризик.

    – Како погоре – они ти гарантираат за комбинацијата со иОС, но за другите варијанти не ги интересира како изгледаат.

    User-friendly но има многу големи побарувања, т.е. си сака многу силен хардвер. Доказ – едно време Мек беше најбрз Писи за Виндоус според ПиСи Магазин. Дури мислам дека е с`е уште така. Или, инсталирај го на Хакинтош (OSX86) и веднаш ќе осетиш и дека не е баш толку брз 🙂 Но, тоа е нивна свесна одлука и очигледно дека им функционира…

    Не верувам во едно решение за сите проблеми. Често security by obscurity е полошо и од незаклучено – се чувствуваш безбедно, а не е…

    Или Андроид ќе стане подобар ајфон од ајфонот. Или ајфон ќе се отвори и за други софтвери… Што и да е, ние ќе победиме 🙂

    Одличен филм (играше и сега на МакеДокс) http://ripremix.com/

  37. Anonymous

    „..meil, RSS, сурфање и chat…“. Прескапа играчка за губење време, тоа ви е iPad.

    Во САД, во останатите богати земји, 500-600$ и не се толку голема сума. Овде, за да *почнеш* се бадијалџиш (нека ми прости авторот, но токму тоа го прави), треба да потрошиш 2 просечни плати.

    Играчка за македонските (особено скопските) чаламџии, финта еднаква на (илегалното) паркирање на Поршето пред она кафулето на „Орце Николов“. „Не е битно што го пореметувам целиот сообраќај, битно е да ме виодат дека имам Порше“. Сега уште ќе почнат да ги носат во „Тренд“, за да покажат колку се „in“. Chat и сурфање, жити мајка…

    Исто како Рамче, ќе заработи некоја пара, па право со пајтонот на „Волт Дизниева“ (една од улиците во Шутка), со хамбургер од МекДоналдс во раката и блех музика по него…да се знае чија куќа мрсно јаде.

    Знам дека е мрчаторски ова што го напишав, но барем да кажеше дека се претплатил на Wired или Popular Mechanics.

    Ах, да, летоска, сосе iPad-от под мишка, обавезно на онаа шминкерската плажа на Охридско езеро, забравам ѝ името.

  38. Apple

    iPad e играчка, исто ако и нетбук е играчка, и ПЦ е играчка, и ТВ е играчка… итн. Едноставно зависи за што го користиш уредот. 90% од работите што ги правиш на лаптоп, можеш да ги правиш и на iPad, а има и такви што не можеш на лаптоп.

    А тоа дека изгледа кул е само бонус… што треба Apple да прави намерно ружни производи??? Чудна критика…

  39. Anonymous

    Не е критиката до Apple…

    Напротив, гиковштината во мене ме предизвикува да купам едно такво и да си поиграм. Но, претегнува рационалноста, па, ако сакаш, и скромноста.

    Но, Епл оди на тоа дека прескапо ќе ги продава своите одлично дизајнирани (и полни со други недостатоци – ова е критика до Apple) „бомбончиња“ на сите чаламџии од светот, сите паркирачи на Поршеа на недозволено место. Или барем на оние кои сакаат да се продаваат како такви.

    Apple продава сон, не само уреди, но тој сон некако ми „смрдуцка“.

  40. Apple

    Не знам со што би можеле да го споредуваме iPad-от ако велиме дека е скап. Едноставно не постои сличен уред за да анализираме.

    Тоа што може да се направи е да се спореди профит-маргината на Apple со слични компании. Лани, Мајкрософт и Гоогле имале профит на секоја продадена услуга/производ од 27%. Аpple имал 18%. Што значи заработува многу помалку од своите конкуренти за дадените услуги/производи. Или пак троши можеби повеќе во PR, корисиничка и софтвер подршка, како и да е, ова докажува дека уредите на Apple се сосема реално позиционирани ценовно, а сега дали може да си ги дозволиме тоа е друга работа.

    Мислам дека грешиш Apple да го правиш шминкерски бренд. Тоа може е така во малограѓанскава Македонија, но во светот, секое детиште има iPod i Iphone.

  41. Anonymous

    Да, Apple несомнено е успешна компанија, меѓу најуспешните неколку во светот. Тука нема збор.

    Но, другиов дел од дискусијата веќе излезе од темата, иако е поврзано со неа, но со друга — општествена и социолошка врска.

    Ние, верните читатели, бараме komunikacii.net да се позанимава со овие аспекти! Инаку … ќе ви коментираме на несоодветни места! 🙂

    • Darko Buldioski

      Дискусијава се сврте во круг неколку пати. Му благодарам на Милчо што го напиша постот, искерено не очекувавме (ни јас ни тој) волку долга дискусија. Дали Apple е ваква или онаква компанија е друг муабет…. Ванчо имаш право кога велиш дека дискусијата се разводени…. и дека се отворија доста нови теми. Здравје во некоја следна прилика ќе ги оториме и нив подетално. Сега за сега, ако никој нема ништо против јас би го затворил постов за коментари.

      Не сакам да бидам сватен погешно. Дискусијата е корисна и квалитетна ама веќе влегуваме во четврт циклус на исти аргументи. Ако смеам, и можам да заклучам јас би повторил. Пазарот е отворен. Секој има право на слободен избор. Штом посотјат и такви и такви производи и компании логиката вели дека за нив има и побарувачка. Ако некој од нас не се препознава во едната или другата група, тогаш не гледам причина да се труди да ги убеди другите по секоја цена дека неговиот избор е подобриот. Па затоа мислам дека соочување на факти е супер работа но убедување не е. Живејте со своите сфаќања и прифатете дека другите може да имаат свој став и избор.

  42. Anonymous

    Пред некој ден во (офлајн) муабет со Чапче загатнавме многу теми. Заедничкото – модемите од пред 20 години и зависноста од PDA/Smartphones лека полека н`е доведоа до iPad. Он вика дека видел и му се чини дека и не е баш нешто посебно, а мене ми текна дека, всушност, iPad и не е замена ниту за лаптоп ниту за телефон туку за она купче весници и списанија што порано стоеше под секоја масичка во дневна соба, секако надградено со најновите AV & ICT достигнувања.

    Можеби iPad е прескап, ама е дефинитивно сегашноста и иднината – двонасочна, мултимедијална комуникација која што припаѓа во 21 век… Верувам дека наскоро и сите телевизори ќе станат такви (Google TV?) и ќе се командуваат со мафтање (Natale/Kinect). И ќе служат за истата работа како и iPad – централен хаб во дневната соба за вести, мултимедијални содржини и комуникација…

  43. Apple

    Мислам дека последниот коментар држи вода…. Јасно е дека насоката на конзумирање на содржини ќе се менува од наметнатата (како по програмската шема на ТВ каналите), кон „по барање“… ТВ каналите ќе мора да се прилагодат на овој начин, или да изумрат. Пред се iPad-от и сличните уреди ја пополнуваат празнината за она време што сакаш да сурфаш, слушаш, читаш и гледаш, и по малку да следиш што се случува со твојот емаил/фејсбук/твитер/чет. Кога ќе размислите подобро, секој од нас поминува часови и часови секојдневно правејќи ги овие работи. Засега, ве уверувам од личното користење, не постои подобар уред од iPad за овие работи во моментов.

  44. Милчо

    05.03.2011

    RT: Ecchi „Сподели Знаење“ засега е повеќе е „Направи муабет“ во @CafeOperaMK :)) @ordanoskiv објаснува зошто нему му се допаѓа Apple iPad 🙂

    Се мислам дали треба да го цитирам Ванчо Ордановски сега со неговите изјави од пред скоро година дена:

    „ Прескапа играчка за губење време, тоа ви е iPad.“ или пак

    „пајтонот на „Волт Дизниева“ (една од улиците во Шутка), со хамбургер од МекДоналдс во раката и блех музика по него“ или

    „летоска, сосе iPad-от под мишка, на онаа шминкерската плажа на Охридско езеро, забравам ѝ името“.

    Ама не, нема, бидејќи никој не е совршен и секој кој работи греши.

    Сакам да се запознаам со Ванчо лично и да пиеме кафе, еве на пример во CafeOperaMK и да си попраиме муабет и за ipad и за ИТ.

    Се надевам дека тоа ќе биде почеток на едно добро пријателство.

    Дарко можеш да организираш ?

Коментарите се затворени.