Што би се рекло школски, вестите ги делиме на информации, дезинформации и неинформации :)
Секако сте се сретнале во весниците, бар еднаш, наслов од типот „Каролина ќе сече вени“, и онака шокирани вртите на страната за веста за да потоа видите блед текст од типот „Каролина во својата нова песна ‘Сечам вени по тебе’ бла-бла…“. Најчесто вакви преосмислени наслови се среќаваат во естрадните секции на медиумите, но (ете) денес сретнав една таква и во „сериозна рубрика“ (Свет):
Мекејн бара потпретседател на „Гугл“ (Шпиц, 14 јуни, 2008)
Ништо локал-специфично, штосот е преземен од британскиот „Телеграф“:
Значи од една шега во излагањето на претседателскиот кандидат изведен е бомбастичен наслов (кој привлекува внимание), а самиот тој пак нема никаква врска со темата на статијата.
Ова е само една форма на појавување на т.н. „неинформации“ (fake news, pseudo-news псевдо-информации, квази-информации, џоамити-информации и сл.). Примери за неинформации можете да најдете милион, а најчестата употреба секако е со забавна намена (infotainment) од типот „Маж носел исти гаќи 5 години“. Што ќе ви смени во животот читањето на вакви бизаризми во кои обично недостасуваат и основните категории во прецизна форма (кој, каде, кога, зошто),никому не му е јасно, но останува заклучокот дека ваквите демек-информации се среќаваат се повеќе и полека се прелеваат во рубриките за сериозни вести.




Од Ицко 16 June, 2008 - 11:26 am
Медиумите од тој вид треба да се забранат сместа…
Од sead93 16 June, 2008 - 1:12 pm
Нешто мора да се преземе, најдобро би било да се игнорираат, да станат нерелевантни и економски да пропаднат, ама бидејќи удираат на „ниски страсти“ ја мамат публиката, и веројатно ова не е решение :(