Од кога и колку вести на интернет има во Македонија

Пишувам некој труд и ми беше потребна инфомација од кога нашите медиуми почнале да објаваат на Интернет и кој бил прв.

Расчепкав малку низ архивите на дневниве весници и на телевизиите и еве неколку податоци:

Секако ова е далеку од комплетна слика, ако имаш време и желба дополни со некој податок повеќе во коментарите. Фала.

На прашањето колку вести има најлесно одговор може да се најде кај сервисот Time.mk. Не знам колку е тазе бројката но сепак верувам дека е некој солиден приказ, таму се наведува:

  • TIME.mk секој ден анализира околу 3500 вести кои се наоѓаат на веб страниците на 32 извори
    (тука не се вклучени нивните архиви).
  • Од вкупно 3500 вести, нови (објавени во тековниот ден) се околу 1200 (освен во недела),
    а останатите се од претходните денови.
  • Од 1200 дневни вести, околу 150 се дупликати, т.е. за секоја од тие 150 вести
    постои вест во останатите 1050 која е скоро идентична. Тоа значи дека повеќе од 10%
    од дневните вести се превземаат од некој извор и непроменети се проследуваат.

Секако, оваа бројка е доста ограничена и треба се прифати со доза на резерва. Треба да се разгледаат убаво кои се тие 32 извори и да не се изуми дека вести во Македонија има и на други јазици, не само на македонски. Расчепкав малку и на таа теме и наидов на неколку, вака визулено, интересни сајтвои на Албански јазик.

Би ги издвоил: YLLPress, Shqip1, TVKoha и секако Alsat-M

За да биде колку-толку постов заокружен и праведен, ајде ќе спомнам и неколку Македонски сајтови кои обајавуваат вести само на Интернет. Секако тука е т.н новинска агенција Нетпрес, Секој Ден, Kurir итн.

Ако сум испуштил нешто, а сигурен сум дека сум испуштил, слободно дополни.

Дополнување: Argumentet, Lajm, Кирилица, Форум


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Local, News, Online and tagged , , , , . Bookmark the permalink.

7 коментари на "Од кога и колку вести на интернет има во Македонија"

Коментирај!