Media & Marketing Blog

Најава: Social Media Day Macedonia

ПРОГРАМА: Social Media Day Macedonia [дополнето]

 

socialmediadayMK

Дали некогаш после долго комуницирање онлајн сте ја запознале личноста и во живо? Често тоа е пријатно искуство кое понатаму ја продлабочува и подобрува онлајн комуникацијата, така? Зарем не е одлично кога би можеле на сите виртуелни насмевки да им „закачите”  реални насмевки на самите луѓе зад аватарите?

Social Media Day е глобален настан инициран од Mashable, најпознатиот блог кој следи интернет култура. Се случува 4 години по ред на 30 јуни а оваа година по втор пат се организира и во Македонија. Social Media Day Македонија го замисливме како настан на кој ќе има многу дружење, многу дискусија, размена на искуство и секако многу насмевки.

Датумот го имаме, 30 јуни недела, но локацијата и програмата ја бираме сите заедно. Вашата прва задача е да изберете во кој град ќе се собереме.

Гласајте каде сакате да биде Social Media Day:

[polldaddy poll=7186691]

Ќе ги собереме сите твитови, ќе видиме колку различни корисници твитале, ќе ги собереме сите гласови и во петок (21.06.2013) ќе видиме каде ќе биде настанот. Скопјани, не мора да се грижите, и оваа година ЏаБест ќе ни помогне околу логистиката за самиот настан.

Изборот на град може да започне!

Во меѓувреме размислете дали сакате во 10 минути да споделите лична приказна (совет, препорака, лекција или #mkwin) поврзана со социјалните медиуми? Нема ограничувања, нема насоки, се што треба е приказната да е интересна и да можете да ја раскажете во недела на 30 јуни.

За повеќе детали следете не на blogirame.mk и komunikacii.net . Или пингајте на @Blogirame и @NewMediaMK

СТАВЕТЕ ВИСТИНСКА НАСМЕВКА НА АВАТАРИТЕ КОИ ГИ СЛЕДИТЕ СЕКОЈ ДЕН!