Media & Marketing Blog

Блогер ≠ Колумнист

Деновиве сведоци сме на еден потег кој наиде на бурни реакции во МБЗ (македонската блог заедница), имено Неделно Време ја смени уредничката постава а со тоа и концептот на неделникот. Во овој нов концепт нема место за блогерите и блоговите воопшто.

Засегнатите страна се изјаснија Анастас, Би, Букар.

Во нивните постови но и на уште по некој друг блог (Panta Rei, Блог Трапија) можете да ја проследите дебатата по повод горенаведените случувања, реакции, одлуки, односи итн.

Како што се вели во дел од овие коментари, овој потег не е класично откажување од услугите на 3 млади колумнисти, туку многу повеќе од тоа. Овој потег, докажува дека каков/таков Геро заслужува почит бидејќи прави (со доза на резерва) најпрогресивни потези во македонскиот медиумски екосистем, за разлика од останатите негови колеги кои едноставно не умеат да ја сфатат улогата и големината на блогосферата, на новите медиуми, на младите.

Ај што не им се допаѓале колумнистите ОК, не им се допаѓале, нивно право, нека ги откажат. Но, целава работа е дека тие се блогери и крај. Едноставно блогер и колумнист не може заедно. Катастрофа. За да докажат овие новиве концептуални уредници дека целава приказна е настроена општо кон блоговите, тие ја укинале и целата рубрика Нов свет.

Притоа не сфаќајќи дека сега тие се во можност да изберат кој постови ќе бидат таму објавени, и не сфаќајќи дека, доколку не им се бендисуваше вака (дневно политички) настроен Нов свет, може да се промени во која било друга насока: уметност, технологија, култура, литература, спорт. Едноставно што сакаат бидејќи материјал низ МБЗ има, и тоа доволно.

10 коментари на “Блогер ≠ Колумнист”

  1. bi

    Малку луѓе останаа што стварно ја видоа ситуацијава правилно. Ти си еден од нив. Ти благодарам за поддршката.

  2. Стеван

    Мислам дека премногу трагично и драматично ја сваќате целата работа. Едноставно, се сменил уредникот и новиот си поставува свој начин на работа. Затоа и се вика уредник, за да каже што може, а што не може да оди во весникот.

  3. Darko156

    Стеван се сложувам со твојата констатација, всушност тоа и го кажува мојот пост, уредникот избира.

    Мојата констатација е дека уредникот ги отфрла новите работи, и тука нема ништо ниту драматично ниту трагично но има јасна потврда дека сивилото нема наскоро да го снема.

  4. Стеван

    Мое мислење е дека блоговите и печатените медиуми (а и телевизијата) немаат многу врска еден со друг. Мислам дека суштината на блоговите е тоа што напишаното таму е лично мислење на авторот и претставува нешто што е отворено за понатамошна дискусија, додека „класичните“ медиуми си имаат своја „технологија“ на работење, каде што се пишува по одредени правила, уредникот тоа го контролира и обично, ако се е сработено правилно, не е отворено за натамошна дискусија.
    Така, ми делува „неприродно“ ова вкрстување на печатен медиум со блогови.
    Поентата ми е дека тоа што еден уредник објавувал текстови од блогери не го сметам за нешто напредно, нуту пак тоа што друг уредник не објавува го сметам за нешто назадно.

  5. Moby

    najbitnata rabota i ona kon koe treba da se nasochi celata diskusuja i energija e toa shto honorarite ne im se isplateni.
    Seto ostanato e sitenje ,da mu umre kozata na komshijata

    ili pak zakopuvanje na glavata vo pesok ko nishto da ne se desilo.

  6. Darko156

    @ Стеван
    Во времето кога Геро ја започна рубриката Нов свет, и кога беше одржана средбата на блогерите во Метаморфозис, проструи идеата да се направел весник со текстови од блогови.

    Идеата на Геро му дојде од еден мој пост.

    Мене лично мешањето на медиумите: печатени со електронски (или подобро речено со Нови медиуми) не ми се допаѓаше зошто самиот потег треба да биде ептен добро осмислен за да го извади максимумот. Уште повеќе бев негативно настроен кон таков весник бидејќи навистина враќа чекор назад.

    Што сакам да кажам: напредното не е самиот факт дека постови се објавени во весник туку напредонто е дека некој од тие структури ги отворил очите подалеку од неговата стандардна кафанска/новинарска шема и се обидел да види што се случува надвор од затворените кругови.

    Иако, неофицијално, по градов се шпекулираше дека некои новинари биле упрпани од развојов на блогосферава.
    Јас сум тука резервиран 😉

  7. Стеван

    Според истражувањата на „Стратеџик маркетинг“ рејтингот на вестите на А1 Телевизија во последниве години се движи околу 25%, на Сител околу 15%, а на МТВ околу 10%.

    Ако го споредиш ова со бројот на интернет корисници во Македонија (вистинскиот, не „филуваниот“ што се појави скоро) ќе видиш дека новинарите од „класичните“ медуими имаат барем уште неколку години фора да си поспијат, пред да почнат да размислуваат за интернет 🙂

  8. Darko156

    Точно е ова за спиењето, ама кога ќе решат да се разбудат ќе треба да се сочат со младите генерации кои израснуват на интернет и кои се` и ќе бидат многу поспремни од нив.

    Затоа, лека полека мислам дека треба да се подготвуваат, бидејќи не е само бројот на интернет корисници оној кој е најважен.

    Некои медиуми немаат голем тираж или голем број на читатели/гледачи но сепак опстојуваат и имаат влијание, т.е. се почитувани и си имаат фатено место во системот.

    Зошто да не може некој да почне сериозно да работи онлајн, и да си фати место во медиумскиот систем, уште пред тој целосно да биде подготвен за новите медиуми??

  9. Стеван

    Ние се расприкажавме, а во меѓувреме хонорарите им ги исплатиле.

    Се надевам дека прашината што се крена по блоговиве имаше некое влијание 🙂

Коментарите се затворени.