Блогер ≠ Колумнист

Деновиве сведоци сме на еден потег кој наиде на бурни реакции во МБЗ (македонската блог заедница), имено Неделно Време ја смени уредничката постава а со тоа и концептот на неделникот. Во овој нов концепт нема место за блогерите и блоговите воопшто.

Засегнатите страна се изјаснија Анастас, Би, Букар.

Во нивните постови но и на уште по некој друг блог (Panta Rei, Блог Трапија) можете да ја проследите дебатата по повод горенаведените случувања, реакции, одлуки, односи итн.

Како што се вели во дел од овие коментари, овој потег не е класично откажување од услугите на 3 млади колумнисти, туку многу повеќе од тоа. Овој потег, докажува дека каков/таков Геро заслужува почит бидејќи прави (со доза на резерва) најпрогресивни потези во македонскиот медиумски екосистем, за разлика од останатите негови колеги кои едноставно не умеат да ја сфатат улогата и големината на блогосферата, на новите медиуми, на младите.

Ај што не им се допаѓале колумнистите ОК, не им се допаѓале, нивно право, нека ги откажат. Но, целава работа е дека тие се блогери и крај. Едноставно блогер и колумнист не може заедно. Катастрофа. За да докажат овие новиве концептуални уредници дека целава приказна е настроена општо кон блоговите, тие ја укинале и целата рубрика Нов свет.

Притоа не сфаќајќи дека сега тие се во можност да изберат кој постови ќе бидат таму објавени, и не сфаќајќи дека, доколку не им се бендисуваше вака (дневно политички) настроен Нов свет, може да се промени во која било друга насока: уметност, технологија, култура, литература, спорт. Едноставно што сакаат бидејќи материјал низ МБЗ има, и тоа доволно.


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Blogosphere, МБЗ - Local Blogosphere. Bookmark the permalink.

10 коментари на "Блогер ≠ Колумнист"

Коментирај!