Media & Marketing Blog

Рекламно форсирање

Како би се чувствувале во следнава ситуација: сакате да влезете во супермаркет и на врата ве сопира некој си господин/госпоџица кој(а) сака да ви претстави некој производ јали услуга. Вие учтиво си викате „не, фала“ а он(а) ве зграпчува и ви вика „А бе слушаш ли ти, нема влагање внатре додека не ја видиш и ислушаш рекламава, ехеееј!!!“. И каде се тука моите потрошувачки права?!?

Инаку, т.е. имено, се работи за скорешно лансираните интро-реклами на „kajgana.com“ и „zazabava.com“ (можеби има и на други веб-адреси, не знам) кои сакале-нејќеле мора да ги изгледате за да ги видите содржините на сајтот. ОК, луѓето си добиле реклама, што е супер, поздравувам, ама по седумдесет посети на страницата, рекламата толку ќе ви здосади што ќе ви здосади и сајтот и рекламата и сите ќе ги отерате уgm_ninjakick.jpg матично (јас лично ги избришав сајтовите од букамаркс). Ако се обидете и преку РСС да ги следите нивните содржини, нема да ви успее да ги избегнете рекламите.

Се разбира миграцијата на рекламите во онлајн сферата се следниот логичен и неповратен економски чекор, ама некој ред треба да се има (можеби не сум доволно интернетски едуциран, но ваква досетка не сум видел). Секако, авторите на сајтовите си имаат право да си прават што сакаат со своите веб-страници, но со ваков приод штета си прават пред се себе си. Со сила реклама нe бидува, напротив, со сила антиреклама бидува.

2 коментари на “Рекламно форсирање”

  1. Darko Buldioski

    Ети ти сеа, место да се радуваме дека конечно се зголемуваат буџетите за онлајн рекламирање, кои до пред скоро воопшто не постоеа, ние мрчиме.

    Добро, вистина нервираат ракви реклами, факт. Ама посотјат повеќе решенија и за тоа. Нели затоа Firefox е најпрепорачан прелистувач 🙂

    него, ова со реклами во rss ме изненадува, веднаш го ставам фидот на овие сајтови за да видам како тоа изгледа, мислам дека треба да се одбележи.

  2. sead93

    Aj ke proveram i so Reader 🙂 nekoja zvrcka ke se najde, sigurno 🙂

Коментарите се затворени.