Рекламно форсирање

Како би се чувствувале во следнава ситуација: сакате да влезете во супермаркет и на врата ве сопира некој си господин/госпоџица кој(а) сака да ви претстави некој производ јали услуга. Вие учтиво си викате „не, фала“ а он(а) ве зграпчува и ви вика „А бе слушаш ли ти, нема влагање внатре додека не ја видиш и ислушаш рекламава, ехеееј!!!“. И каде се тука моите потрошувачки права?!?

Инаку, т.е. имено, се работи за скорешно лансираните интро-реклами на „kajgana.com“ и „zazabava.com“ (можеби има и на други веб-адреси, не знам) кои сакале-нејќеле мора да ги изгледате за да ги видите содржините на сајтот. ОК, луѓето си добиле реклама, што е супер, поздравувам, ама по седумдесет посети на страницата, рекламата толку ќе ви здосади што ќе ви здосади и сајтот и рекламата и сите ќе ги отерате уgm_ninjakick.jpg матично (јас лично ги избришав сајтовите од букамаркс). Ако се обидете и преку РСС да ги следите нивните содржини, нема да ви успее да ги избегнете рекламите.

Се разбира миграцијата на рекламите во онлајн сферата се следниот логичен и неповратен економски чекор, ама некој ред треба да се има (можеби не сум доволно интернетски едуциран, но ваква досетка не сум видел). Секако, авторите на сајтовите си имаат право да си прават што сакаат со своите веб-страници, но со ваков приод штета си прават пред се себе си. Со сила реклама нe бидува, напротив, со сила антиреклама бидува.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Marketing, Online and tagged . Bookmark the permalink.

2 коментари на "Рекламно форсирање"

Коментирај!