Прже не се држе

Добар тајминг е да се спомне една од најомилените тактики на медиумите за кревање паника (а паниката продава се): временски непогоди. Додека кај нас најчесто тоа е сведено на двоецот жеги и поплави, во светски рамки репертоарот е секако heatwave1.jpg„побогат“.
Во рамки на пласирањето вакви информации, медиумите се водат од социјално оправданото водење грижа за населението, предупредување за некоја временска непогода и информирање за начините на заштита.

Во пракса, кога интересите за гледаност/читаност ќе стапат на сцена оваа одговорност се преобразува во неколку девијантни медиумски појави: колективна ххистерија, медиумски циркус, и „феномен на стадо“.
Во англосаксонско-американски контекст, појавата кога различни медиуми се натпреваруваат кој ќе пласира повеќе „критични“ информации за времето и непогодите се нарекуваат „weather wars“.

Кај нас, класичен знак-индекс за тоа дека станува критично жешко е кога новинарите ќе го употребат зборот „вршник“ :)  и редовните лекарски (малку смешни :) соопштенија:

Лекарите им порачуваат на граѓаните да не излегуваат од дома во најтоплите делови од денот, да избегнуваат физичка работа на сонце, да носат широки алишта од природни материјали, да не седат во автомобили без клима уреди и да избегнуваат алкохол.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Media, Society and tagged . Bookmark the permalink.

Коментирај!