Media & Marketing Blog

Social Media Day – програма и логистика

fb-cover

Не знам дали заради тоа што е прв пат навечер да организиараме #SMDayMK или дека има базен, ама едвај чекам да дојде петок. Нам ни изгледа дека сме и скоро спремни. Џабест веќе се подготвуваат за нивниот дел со #ФотоНаНеделата а Фрагмент Комуникации и DJ Shurbe ги договоривме за 2 минути.

Програмата и официјално е затворена. Ќе изгледа вака некако:

 

20.00 – Почеток, доаѓање, собирање, запознавање… се во едно.

20.30 – Формален (официјален) дел со презентации

  •  #ФотоНаНеделатаДушан Марковиќ (@elektropionir76)
  • #ЛетовоСакам на Social Media Day – Александра Коложег (@Kolozheg) и Бојана Трајковска
  • Никој нема да ти каже фала, направи го тоа за себе! – Јована Тозија (@jovanatozija)
  • Reddit – Првата страна на Интернетот – два пениса мислат повеќе од еден – Виктор Арсовски (@ViksaaSkool) и Ѕвонко Плавевски (@Giotto_mkd)

21.45 – Неформален дел со DJ Shurbe

 

За сите кои прашуваа или кои не се сигурни да појасниме: за овој настан не е потребна претходна регистрација нити плаќање. Настанот е отворен за сите Social Media ентузијасти, професионалци, аматери и зависници.

Комплексот базен Ирина се наоѓа во населбата Припор, помалку од 1 км од последна 24ка во Кисела Вода. Влезот е веднаш спроти хотел Најс кој доаѓа од десна страна. Значи нашата локација е лево, веројатно ќе имаме и ознака :). Паркинг има под самиот комплекс, но ако е тој полн (мал е) може да се користи и паркингот на хотелот Најс. Има мапи подолу.

Просторот за потребите на Social Media Day го имаме до 01:00 часот. Со тоа што после 12:00 ќе мора да ја стишиме музиката (населено место е). Пијачки си плаќа секој сам. Базенот ќе мора може да се користи!

11167979_837739662969985_4744900869658657065_n

Доколку имате прашања или сугестии, слободно пишете тука, или пингајте не на Твитер: @NewMediaMK или @darko156 или @natalija. Се гледаме во петок.