Media & Marketing Blog

Мојата дилема за Facebook новостите

Јас и Facebook… Тоа ти е како договорен брак во кој веројатно ни двете страни не се сакаат, ама ете мораат да бидат заедно. Од време на време си праќаат по некој шармерски поглед ама со многу краткотрајна вредност.

Не, нема да ви раскажувам приказни за мојата „љубов“ со Facebook иако многу често ме инспирира и книга да напишам. Еве на пример пред 3 дена реши дека ќе ни пушти нов дизајн на Facebook Pages Manager.

Прво се изнервирав дека така од никаде ми се појави новата верзија, ама си реков ајде не плачи одма сигурно е подобра. Башка луѓето си најавиле, ама јас сум ја испуштила нивната најава. За дизајн најчесто не коментирам (не знам, не сум компетентна, се лутат дизајнери и слично) ама овој вака на прв поглед изгледа навистина скоцкано и ми се допадна.

Тоа траеше точно две минути, додека не стигна првата нотификација на некоја од страниците кои ги администирам. И на крај сфатив дека за било која активност во новата верзија имаш минимум 1 клик плус од претходно. Ми се врати истото чувство како кога преминував од iOS на Android. Не беше многу тежок преминот, ама за да искористиш што повеќе од оперативниот имаш многу повеќе работа од претходно. Исто и за ова нема да се распишувам на долго и на широко затоа што не се сметам за компетентна, ама крајниот заклучок за двата оперативни ми е дека iOS го креира твоето корисничко искуство и те води низ процесот на работа, додека на Android сам си го креираш корисничкото искуство и процесот на работа, што за мене не беше баш подобрата опција зошто бараше многу повеќе време.

Е така ми е и со новава верзија на Facebook Pages Manager. Facebook напишал неколку бенефити:

  • Easier access to admin tools
  • Quicker navigation to Page Activity and Insights
  • More direct access to an “action bar” that lets you quickly write a post, add a photo, edit your Page and more

NewPagesManager

Нова распореденост, попрегледна… Тоа е првиот впечаток. Но, едно големо НО… ти троши многу повеќе време внатре. И тука почнавме да размислуваме со Дарко за неколку дилеми:

  • Дали всушност Facebook навистина прави надоградување при секоја нова верзија?
  • Дали новите верзии се само за да те држи буден дека постојано се работи, се менува, и се случува нешто многу важно внатре?
  • Дали е неопходно да ја имаш секоја нова верзија?
  • Дали новите верзии ти го прават животот (под живот во мојата глава стои: работата) полесен?

Не сум сигурна дека имам одговори на овие прашања, особено не вистинските. Знам дека постов нема и некоја голема вредност и порака, ама ете го размислував и Дарко ме поттикна да ги ставам мислите на блог. Можеби ќе му се зголеми вредноста ако ги споделите и своите дилеми со мене :). Ги чекам вашите размислувања.

2 коментари на “Мојата дилема за Facebook новостите”

  1. Ивана

    Немаш опција да почекаш со апдејтот?
    Мене ми вика дека до 11 Јули можам да сум со старата верзија, после кој ме шиша.
    Како и да, многу несериозно од нивна страна со постојаните промени.

  2. Наталија Трајчевска

    Auto update имам. Боље ми е со време да се навикнувам отколку после кога ќе неам друг избор. Него тоа ми е дилемата, дали баш сите апдејти имаат некоја суштинска промена, или така сака Facebook ние да мислиме? 🙂

Коментарите се затворени.