Media & Marketing Blog

ЧУМУ повторно со „наша” тема

Зошто Македонците не користат интернет?
Колку интернет ја наруши приватноста? Порнографијата продре во домовите. Компјутерски криминал – има ли спас од хакерите?

Ова е највата. Вечерва (28.06.2005) по обичај гостите ќе дојдат во студиото на А1, ќе си кажат она што си намислиле да го кажат и спокојно ќе си отидат дома. Утре, нели по обичај, ќе добиете и коментар. Од најавава ми се чини дека Чом повторно има премногу теми на агендата. Ако не користат Македонците интернет, што е земено како предуслов за емисијава, како може да се дискутира за останатите работи. Правилата постојат за да има исклучоци, но правила врз основа на исклучоци мислам дека не може да се постават.

Сепак добро е, воведуваме “современи” НЕполитички теми во медиумите, а тоа е по default за поздрав.