RSS аgnostica

Пробувајќи да најдам одговор зошто некои наши веб-сајтови, портали, онлајн сервиси за информации и сличито не нудат РСС канали за следење на нивните содржини, наидов на некои повеќе изненадувачки отколку интересни одговори. Покрај обичајно-традиционалната инерција и мрза во однос на подобрување на квалитетот на услугите, еден од почестите одговори е „РСС-от им штети на рекламите“.

Ако се гледа стриктно формално и традиционалистички (низ искуството на ТВ и радио рекламата), оној кој ги следи содржините преку некој „агрегатор“ тоа и го прави, го чита текстот на „фидот“ и може да продолжи понатаму, но оној кој навистина има интерес за таа вест или информација сепак ќе кликне на линкот и ќе го посети сајтот каде е објавена самата информација/содржина во целина. На тој начин РСС-от ги селектира посетителите на сајтот, така што на самиот сајт доаѓаат само rss.jpgнајзаинтересираните или најупатените. Токму тука се крие рекламно најголемиот потенцијал (кој поупатените истражувачи секако го разбираат), контекстуалното рекламирање. Со други зборови, РСС-от во комбинација со контекстуалното рекламирање е прилично моќна комерцијална алатка и троа игнорантски е да се каже дека РСС-от им штети на рекламите. Тој ги менува принципите на традиционалното рекламирање, но во услови кога за класичното кампањско и ангро рекламирање (ТВ спот, радио реклама, печатена реклама, билборд) водени од квантитативна логика (што повеќе време во етер, страници во весник, билборди на одредена теориј) сите ние имаме автоматизирани одбранбени механизми (далечинско, менување станица, пренасочување на вниманието, фрлање на летокот, игнорирање на билбордот), потребно е што поитно разбирање дека доаѓа ера на квалитативно рекламирање, кон кое заинтересираните (и медиуми и огласувачи) мораат што побргу да се престројат. Што побргу тоа повеќе заштедени и поефектно искористени средства.

Згора на тоа секогаш постои опција и за РСС рекламирање:

RSS feeds hunger for more ads


This entry was posted in Media, technology and tagged . Bookmark the permalink.

1 коментар на "RSS аgnostica"

Коментирај!