Реконструкција на интернетот

Малку незабележано бидна и помина последната средба на ICANN (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers) на која беа донесени некои значајни одлуки кои може на локалната акција за користење на кирилицата да и дадат значаен поттик. Од поважните заклучоци, дефакто решенија, за издвојување се:

  • ќе се остави опција во веб адресата да не мора да стои .com, .org, .mk и слично, што во практична смисла може да значи дека ќе има сајт со веб-адреса nike, icann.pngтолку :)
  • ќе се дозволи регистрација на веб-адреси на други писма освен латиницата (азиски писма, арапско писмо, кирилица и така натаму). Баш ме интерсира кој ќе биде првата кирилична адреса. Можеби се исплати да се регистрира што побргу е технички можно влада.мк :)


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Information Society and tagged . Bookmark the permalink.

1 коментар на "Реконструкција на интернетот"

Коментирај!