Media & Marketing Blog

Секоја комуникација има цел

Анегдотата раскажува за еден џентлмен кој поканува некоја дама на вечера. За време на вечерата се остварува комуникација. Секоја комуникација има цел. Легален, оправдан. Можеби целта на господинот е да ја повика дамата на кафе дома. Адвертајзинг-човекот, за време на вечерата би зборувал за тоа дека тој е најдобар, тоа ќе го повторува повеќе пати, ќе ветува се и сешто само да ја оствари својата цел. Маркетинг-човекот би рекол дека извршил истражувања и дека неговите истражувања покажуваат дека дамата има потреба да оди кај него на кафе. Идеа-човекот за време на вечерата ништо не би говорел за својата цел и на крајот на вечерта дамата самата ќе се понуди да оди на кафе кај него дома. Тоа е новата комуникација за која говорам во мојата нова книга (повеќе)

Ова е само дел од интервјуто со Драган Сакан, кое го направил Зоран Бојаровски во новиот (последниот) број на магазинот ФОРУМ.

2 коментари на “Секоја комуникација има цел”

  1. .аНТИ

    Reklamite treba da se zabranat, zasto ne se humani. Celta na reklamite e kaj covekot da sozdadat potrebi sto toj gi nema, zatoa se stetni. Se sto e stetno treba da bide zabraneto, ili vo najmala raka – kontrolirano. A nikoj ne gi zabranuva i kontrolira reklamite.

  2. dok00

    "Reklamite treba da se zabranat, zasto ne se humani"
    Целиот коментар ми личи некако контрадикторно. Прво: за кои реклами се мисли тука? За сите? Не треба ли да постојат реклами за млеко, леб, вода, интернет (ова особено зошто човекот што го напишал ова не го испратил коментаров преку гулаб)…? Вештачки ли ни е наметната потребата од овие производи?
    Или ајде вака: ќе претпоставиме дека сите реклами се забранети и дека сите сурфаме преку МТнет за 1200 мкд/час (нели не знаеме дека има за 500 мкд/месец), сите ќе си хостираме по еден сајт за околу 100 долари годишно и таму ќе си пишуваме блогови…
    Да се разбереме, сето она што за нас е бесплатно, некој го плаќа. Моделите за наплата се различни, но некој платил за ние да имаме бесплатна e-mail адреса, бесплатен блог, многу евтин или бесплатен интернет… сè со цел да изрекламира некој производ.
    А за рекламите кои се штетни за луѓето, си постојат ограничувања, па така забрането е рекламирањето на цигари, лекови, алкохол…
    Или целта е да се биде контраш секогаш и секаде?

Коментарите се затворени.