Секоја комуникација има цел

Анегдотата раскажува за еден џентлмен кој поканува некоја дама на вечера. За време на вечерата се остварува комуникација. Секоја комуникација има цел. Легален, оправдан. Можеби целта на господинот е да ја повика дамата на кафе дома. Адвертајзинг-човекот, за време на вечерата би зборувал за тоа дека тој е најдобар, тоа ќе го повторува повеќе пати, ќе ветува се и сешто само да ја оствари својата цел. Маркетинг-човекот би рекол дека извршил истражувања и дека неговите истражувања покажуваат дека дамата има потреба да оди кај него на кафе. Идеа-човекот за време на вечерата ништо не би говорел за својата цел и на крајот на вечерта дамата самата ќе се понуди да оди на кафе кај него дома. Тоа е новата комуникација за која говорам во мојата нова книга (повеќе)

Ова е само дел од интервјуто со Драган Сакан, кое го направил Зоран Бојаровски во новиот (последниот) број на магазинот ФОРУМ.


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Local, Marketing, Print. Bookmark the permalink.

2 коментари на "Секоја комуникација има цел"

Коментирај!