Media & Marketing Blog

Одличен Social Media Day – Macedonia II

Сите напишаа па ај и ние, рековме нема смисла да не ставиме ништо за настанот. Последни, не многу одговорни, ама ете нè, тука сме, ни текна. За почеток еве вовед:

Нема многу што да кажам што не е кажано до сега. Кој го интересираше настанот, си дојде, си слушна што имаше да се слушне, се дружевме и супер си поминавме. Кој не беше, следеше на Твитер и си прочита после кај другите што напишаа.

Имам да кажам едно огромно ФАЛА на сите што беа таму:

Прво на ЏаБест што ни помогна да однесеме 30-тина луѓе до местото на настанот, го покри превозот и ни донесе супер удобни фотељи за лежење таму 🙂

945621_651611121535248_1840198282_n

Фала на сите кои се пријавија за дружба во комбињата по пат накај Велес (не можам да ги наредам сите, ќе заборавам некого па ќе ми се љути, си се знаете кои сте).

Photo by @sanja1109

Фала на дечките #НаТочак кои навистина беа херои и покрај дождот „довеслаа“ во одлично расположение. БРАВО дечки!!!

Photo by @DArsovec

И нормално на сите останати кои со свој превоз стигнаа таму:

Photo by @kuzman0v

Така некако се собравме 70-тина луѓе на кои по нешто им значи денот на социјалните медиуми и сакавме да се видиме, да си раскажеме по некое искуство, приказна и да си споделиме знаење меѓу себе.

Програмата беше смислена во два дела: еден официјален каде слушнавме 10 супер презентации, неформални, повеќе базирани на дискусија, а другиот опуштен со неофицијална дружба. Не би сакала да одвојувам никој посебно, зошто сите нѝ значат и на сите сме им ептен благодарни што се пријавија да ја споделат својата приказна со присутните:

Можете да прочитате подетално за што зборуваше Далибор во одличната презентација, не наметната, со многу дозиран и квалитетен став за влијанието на социјалните медиуми врз нашиот јазик, па потоа сами извлечете си ваше мислење и ваши искуства според зборуваното.

Ги снимавме сите презентации, и првото видео нѝ е подготвено па го споделуваме со вас, а останатите ќе ги споделуваме како ќе се подготвуваат. Следете нè на Твитер.

Игор зборуваше за http://time.mk/twitter.

Да не го одолговлекуваме тука на долго и широко, препорачуваме да си прочитате кај нашите пријатели на кои сме им ептен благодарни што почувствуваа дека треба да споделат што се случуваше оваа година на Social Media Day Macedonia и на оние кои ни помогнаа да го рашириме зборот за настанот и ја објавија најавата:

  1. IT.com.mk – ИТ настан: Македонија го одбележува Social Media Day
    ИТ Настан: Твитерџиите го прославија вториот Social Media Day;
  2. CrnoBelo.com – По втор пат ќе се одржи Social Media Day Macedonia
    Македонија го одбележува денот на Социјалните медиуми
  3. Telegraf.mk – И во Македонија ќе се одбележи денот на социјалните медиуми
    ДЕН НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ: Едукативна дружба во живо;
  4. Netpress.com.mk – На Велешко езеро Македонија го одбележува денот на Социјалните медиуми
  5. MKD.mk – И Македонците ќе го одбележат светскиот Ден на социјалните медиуми
  6. Extrapoint.mk – Денот на социјалните мрежи
  7. Cooltura.mk – “Ден на социјалните медиуми” во втор пат во Македонија
  8. Ogledalonaednadusa.wordpress.com – Social Media Day – Велес #smdaymk #smday
  9. SocialNet.mk – Social Media Day Macedonia – Програма
    Се одржа вториот Social Media Day

Погледнете уште некоја фотка од таму кај нас на Фејсбук  во албумот Social Media Day Macedonia 2013, а има и кај MIDPhotography, кај Игор, кај Сања и кај Борис.

Е па ете така помина вториот Social Media Day во Македонија. Првиот social Media Day лани беше исто така супер интересен, а догодина ви ветуваме трет, поголем, подобар, поубав и поисполнет настан, нормално креиран заедно со вас. Едвај чекаме.