Media & Marketing Blog

Print: your brand in their hands

reklamaНе сум таргетиран со кампањава, ама како потенцијален консумент не би бил воопшто задоволен со пораката која ја испраќаат. Еве за што станува збор: Асоцијацијата на производители на хартија (Cepifine) и Integraf на ниво на Европа (13 земји) оргазнизира кампања за промоција на печатените реклами.

Не сум премногу зелен па да се противам со уништување на природата, но едноставно аргументот со кој тие ќе се обидат да ја реализираат оваа кампања не ми држи:

Under the slogan ‘Print: your brand in their hands’, the campaign will aim to persuade organisations to put more of their ad spend into print-based products and capitalise on the move away from other media, in particular TV, where advertising clutter is high. …Printweek.com

A spokeswoman for Cepi­fine said: “We want to make people think about using print more, and bring value back into the industry. Printers have a very good story to tell, and are in one of the hardest industries.” …Printweek.com

Едноставно, не е доволно убедливо. Каде се предностите на печатените реклами? Зошто би требало луѓето повторно да размислуваат повеќе за печатените работи?
Уште еднаш, не велам дека сум против кампањава, ама од овие информации кои ги читам некако не ми звучи убедливо. Едноставно треба повеќе да сакате печатено затоа што ние правиме хартија и толку.

Патем:

‘PRINT SELLS’ CAMPAIGN
• Covers 13 European countries
• Targets advertisers, media planners and agencies
• Could benefit 30,000 printers
• Coordinated by Cepifine and Intergraf
• Costing £3.4m (€5m)
• Launch in September

Technorati Tags: , , , , , , , , , .

5 коментари на “Print: your brand in their hands”

  1. GoodBytes

    Навистина неубедливо. Ем не вреди за штетата која се прави за производство на хартија (јас ја имам речиси сосем исфрлено од употреба, се' бележам електронски), ем е инфериорен пристап според, на пример, таргетираните реклами како AdSense.

  2. Tome

    Добро де, не бидете до толку… може е бедна кампањата ама угасете ги компјутерот и телевизорот (или што би се рекло, преминете од електронската во онаа другата реалност) и видете што ви останува :).

  3. darko156

    Види, ако судам по себе, печатената реклама има далеку поголем ефект од дигиталната.

    Не энам эасшто ама секогаш полесно приметувам печатена и секогаш повеќе ме воодушевува печатена реклма.

  4. Goran

    Или што би се рекло ти остави печат рекламана а?

  5. Baju Bayi

    Wow, awesome blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your web site is great, as well as the content!. Thanks For Your article about Print: your brand in their hands | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.