Media & Marketing Blog

За звучното парче

Sound bite“, или звучното парче, е поим кој се поврзува со електронските медиуми, особено телевизијата и вестите (поретко и во музиката, како извадок од албум).

Изворната етимологија доаѓа дури од Марк Твен, кој под sound bite подразбирал „a minimum of sound to a maximum of sense“ (минимум звук, максимум смисла). На писател како него не му доликува(ло) да се изразува во директна форма, туку ете „морал“ да скове цела метафора околу поимот, па „sound bite“ го осмислил како „the taste that best represents the entire meal of the larger message or conversation“. Негде помеѓу двете сентенци, со проста контракција и како метафорична синтагма настанал оригиналот на звучното парче.

Постариот Буш, важеше за еден од клучните промотери на овој поим во 80-те со својата реторичка способност да дава куси и јасни изјави (т.н. „one liners“).

Би додал само дека веројатно Буш, да беше малку помлад, веројатно ќе беше одличен твитер-џија. Самиот Твитер е токму тоа, идеален медиум за звучни парчиња. Може да се каже дека корисник на Твитер никогаш нема да има проблем да даде содржајно звучно парче. По одреден период привикнување кон сервис кој ти дава 140 знаци да пренесеш некоја порака, звучното парче ти изгледа како епска форма.

Ете и причина повеќе нашите јавни личности повеќе да користат Твитер, но за сега не гледам дека оваа едноставна порака може некој да им ја всади в глава.

4 коментари на “За звучното парче”

  1. Darko Buldioski

    Е, баш на оваа тема имам контра доказ :). И ако и јас го мислам до некаде истото, сепак тотално е различно кога си пред тастатура и треба да впишеш во поле каде има бројач отколку кога треба да дадеш изјава.

    Погледни ги српските и хрватските твитераши колку добро се снаоѓаат во изјави од 140 карактери http://vimeo.com/5432736

  2. sead93

    :))) треба да си навежбан да даваш изјави, па со твитер пракса да си ја фокусираш изјавата, тоа е пораката, не дека твитер ќе те направи мајстор за изјави :))…инаку без искуство пред камера не функционира, нормално, видео-примерот е добар за таквата варијанта.

Коментарите се затворени.