Media & Marketing Blog

Сивата еминенција на интернетот: Adobe

Како што оперативно се развива интернетот, а тоа пред сè значи збогатување на мултимедијалните содржини и надградба на аудио-визуелните материјали на нетот, станува сè појасно дека еден софтверски гигант подзаскриено ги држи конците на новиот интернет во свои раце. Тудудудуду…Адобе. Она што е Windows за сметачот, тоа е Flash за интернетот, нешто без што не се може. Просто пробајте да отворите 10 букмаркирани сајтови без инсталиран Флеш, кај 7-8 од нив нема да можете ни да прикрепите до содржините (процентов не важи за домашни веб страници).

untitled.JPG

Пронајди ја златната кокошка на Адобе (џокер „црвено“).

Бидејќи „Microsoft“ е компанија која чија било доминација и престиж на информатичкиoт пазар хронично ја иритира, така и доминацијата на Адобе на овој план веднаш ги нас’ска ајкулите на Гејтс.

Microsoft’s battles over the years, with companies like Apple, Sun and most recently Google, are the stuff of software legend. The next competitor to visit the woodshed: Adobe…It’s easy to forget that, like Microsoft, Adobe also touches millions of people daily – though to a lesser degree . . .except for one incredible product: Flash. Flash software has been the industry standard for glossy/multimedia/interactive web experiences for about a decade now and it continues to gain developer attention and mind share. It is the Windows of multimedia. And Microsoft wants that market…(Ben Bajarin, Next Clash of Titans).

4 коментари на “Сивата еминенција на интернетот: Adobe”

  1. GoodBytes

    Истово го мисли и Мајкрософт, па затоа го извади Силверлајт. Тие толку упорно го нудат, што станува невкусно и нападно: при Windows Update, потоа Office Update, но и многу други нивни сајтови (на пример: инсталирај Силверлајт за да можеш да го видиш демото на програмот Х погоре).

  2. Darko Buldioski

    Секојдневно, бренд со кој индиректно најмногу се сретнуваме е токму Adobe.

    flash, photoshop, in design, illoustrator, premier, after effects итн.

    доминацијата на Adobe, одмна е околу нас. ова се само последните видливи онлајн траги 🙂

  3. sead93

    Тој Силверлајтот, колку пати ме има изнервирано и заглаевно, но впрочем како и повеќето Мајкрософт производи 🙂

Коментарите се затворени.