Пара-интернет?

Турска неименувана група IT-експерти, според извештаи на Associated Press, планира да оформи паралелна интернет мрежа.(link) Ова турските експерти го планираат во соработка со Unified Identity Technology групацијата од Амстердам. Од друга страна уште една група, The Public-Root, се обидува да оформи паралелен интернет, кој би бил достапен само во 10 држави, овозможен преку 13 сервери. Веб-адресите кои овие сајтови би ги имале не би ги почитувале кодовите за кратенки во кои на крајот од нив стојат кратенки за држави, компании или организации. И двете групи признаваат дека нивната идеја е реакција на зголемениот надзор и контрола врз интернетот од владата на САД, (link)која во контекст на војната против тероризмот, се повеќе ја става својата рака врз протокот на информации низ светската интернет мрежа.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Online. Bookmark the permalink.

Коментирај!