Media & Marketing Blog

Комуникации.нет подкаст #15

Не ни помислував некогаш дека ќе снимам подкаст во еден убав камп покрај селце во Киргистан. Кампов е комплетно обратно од се што има надвор од него но тој не е темата на овој пост. Темата на овој пост е нашиот подкаст, поточно неговата 15. епизода. Ја снимивме на време, успеавме да ја префрлиме до РадиоМОФ и да не ја прекинеме серијата.

Во оваа епизода со Мите за прв пат моравме да зборуваме без интернет на нашите компјутери (ќе слушнеш зошто во самата епизода) и мислевме дека ќе ни биде најкратка од сите. Но, не беше. Зборувавме за BlogOpen, за Google+ (во меѓувреме Мите доби пристап) Социјални медиуми и прокоментиравме неколку актуелни вести.

Следните две епизоди ќе ги направиме ито така тука, планираме да поразговараме со неколку од тренерите на овој капм. Темата секако ќе биде нови медиуми, состојбата и трендовите во нивните земји. До сега имаме договорено со една Унгарка и со Киргистанец :). Ќе има што да се слушне, особено по статистика за употреба на социјални медиуми во Унгарија која излезе во Economist пред некој ден. Го симнав изворниот извештај па во теков на следниве ден-два ќе пишам и посебен пост.