Media & Marketing Blog

Топ 10 вести на неделата

Бидејќи сонцето изгледа не ги удира во глава само обичните граѓани, ами ги мава(ло) и новинарите (ова од високи анонимни извори), време и редно беше да напрајме „reload“ на листата на нај-вести на неделата, коис екако ќе влезат и во некоја поширока конкуренција:

  • 10: Следната сабота „Ден на одгледувачите на овци и кози“ – „Исцрпен“ извештај на неделата, без конкуренција! Ние читателите останавме покуси за следниве информации: кои се фаворитите, дали ќе има претставници на политичките партии (или барем на Телеком, како докажани молзачи и стрижачи), кои се судиите, кои ќе бидат „говедата“ кои ќе учествуваат и дали тие имаат некакви афери (по можност сексуални) на своето конто…и така во недоглед. Пропуштена сторија на годината. repairs-01.jpg
  • 9: После се ја плеснал и бандерата – Токму кога на порно индустријата почнаа да и понестасуваат идеи за фетиш филмови, ете ти го Вечер со нешто што може да ја спаси целосно оваа плодотворна гранка на мрсната индустрија!!! Веќе си замислувам редица наслови (од барем по пет продолженија) од типот „South Post, The Movie: Big Long and Uncut“, „When Harry met the Post – Directors’ Cut“, „Woodpecker – the Adult version“ и сличито.
  • 8: За 35 милиони евра грчки бизнисмени ќе можат да патуваат во вселената . Информација на неделата! Ете, имало решение за спорот со името: цела Грција во вселената (па и нека останат таму, нека им ја откриваат демократијата на другите видови и нека завикаат едно 10 планети Македонија, не ни пречи), пари ќе се соберат инстантно.
  • 7: Време на невиност – Кој вика дека само Америка е земја на соништата?!? Па може и кај нас да ви се остварат најлудите сонишча. Па уште каде има таква демократија и отвореност на медиумите, кога писмо на читатели, не покусо од 1000 карактери, се објавува во целост (бравос!) и тоа уште на насловна страна! Додуша, треба да е малку во стилот на уредништвото, но тоа секако е мала цена. Тооо, тен поинц!
  • 6: Како резултат на државната политика „на едно дете“- над 100 милиони Кинези немаат брат или сестра – Математика на неделата! Медиумите се секогаш прилично креативни во правење вести од ништо, но оваа бравуроза мора да се одбележи и заслужено да се пласира високо на нашата „престижна“ топ листа 🙂 Почнува насловот бомбастично (100 милиони!!! ууууу) за да потоа сфатиш дека се работи за кинези (опс, кочи) и за да потоа ти се пласира „клучната информација“: 8 проценти од кинеските деца немаат брат или сестра. Камон, па тоа е скоро секое 15-то дете, и ова си било некоја вест, туф.
  • 5: Првата брачна кавга во новата влада – Мора да сте некој тежок морон а да не ви бидат симпатични ваквите новинарски метафори: колација=брак, недоразбирања=брачна кавга, преговори=делење на колачи и слично. Во конкретниов случај фали клучната информација која може да ја дефинира природата и значењето на целата вест: на кој јазик се караат брачните партнери, се надевам дека е македонски, но ако е српски ќе биде држ-не дај.
  • 4: ЕУРМ го презеде Вестминистер Колеџот од Лондон – Многу ме израдува овој извонреден успех на нашето чколство, па потрчав на моите пријатели Енглези да им ја пратам веста (особено дека Александар Макеоднски им е патрон на катедрата по информатика) и сурфај, сурфај, нешто на англиски да се најдело, но ништо. Каков дисапонтмент, брееј. Оди на ЕУРМ, ништо! Оди на WMC, нотинг! Гуглај, гуглај, јахуиши, ништо! Од неофицијални анонимни високи дипломатски кругови и квадрати, дознав дека преземена е една трафика за семки, пред самиот колеџ. Да, да, слободно линкајте ја оваа есклузива!
  • 3. Долгите фустани не се за ниските жени – фешен совет на неделата! Во следните продолженија веројатно ќе следат и екстра советите: Не носете бикини во зима и Соблечете ги чорапите пред бањање.
  • 2. Најмал УСБ на светот – Е ова е за онаа поговорната „Мало ама техничарче!“, но не за друго, историски текст, откриена е нова еталонска мерка за музика: „пет дена музика“ и за книги „800 метри книги“.
  • 1. Спречен напад од танчарки врз Груевски – сторија на неделата. Каква нарација, вовед, заплет, хајлајтс, епски конфронтации, уффф..„Кога забулените гостинки ги фрлија наметките и во ритам на музиката тргнаа со голи мешиња кон премиерот, неговите телохранители застанаа пред него, заштитувајќи го од танчарките“. Прво, новинарот не го гледал Остин Пауерс 2, редица филмови со Џемс Бонд, не чул за (Хари) Мата Хари и слично, каде е општо познато дека жените се најдобри атентатори. Додуша оружјево е овде малку неконвенционално, но бидете сигурни дека не е помалку опасно. Второ, јас во ваква ситуација давам глава за премиерот (кој и да е), веднаш се фрлам пред смртоносната закана на голите мешиња и пупаци на танчерките. Наместо да го пофали патриотизмот на телохранителите, новинарот овде пак нешто мрчи! Де бе, само да се мрчело!

9 коментари на “Топ 10 вести на неделата”

  1. sead93

    Ribaro, merci, opraime go linkot 🙂

  2. Lavot

    „Обезбедувањето не било навреме информирано дека гостите ќе ги забавуваат егзотични танчарки, познати како жадиња, кои на забавите доаѓаат облечени со темни долги наметки и така облечени чекаат да почне музиката. “

    ЖАДИЊА – закон!!! :)))))

  3. Ванчо

    Јас лично бев на местото на обидот за атентат. Храбро се фрлив меѓу жадињата, фати ваму, фати онаму, успеавме да го спасиме премиерот.

    Залепив едно две илјадарки (поточно ги пикнав во брусхалтерите на жадињата) од мои лични пари за да им го свртам вниманието. За среќа, парите не се лизнаа на земја, бидејќи беа добро притиснати од … хм … предните проектили на жадињата.

    За цело време малку ми пречеше пивото во едната рака и пурата (Маканудо) во другата.

    Крај на извештајот.

  4. sead93

    Какво граѓанско новинарство 🙂 фантастично! Ванчо фала!

  5. sead93

    Може некој да ми објасни од кај доаѓа ова жадиња (јас сум демек некаков дипломиран филолог, ама ова прв пат го слушам 🙂

  6. Ванчо

    Мислам дека имаше еден филм или серија која се викаше „Жаде“, со локација во Мароко.

    Колку што се сеќавам, така беа облечени (не многу, де) жените таму. Како да кажам – пријатно за гледање. На содржината воопшто не се сеќавам, нормално.

  7. sead93

    Леле етимологија :)) Филмот сигурно е некој од оние класика архивите на МТВ 🙂 Фала за појаснувањето.

  8. sead93

    Au kalva ljufka, ova Zhade bilo nekoja sapunica :)))) Jas se pardoniram za ova ignorantnost od moja strana:)))

Коментарите се затворени.