Media & Marketing Blog

Сервиси за веб статистика – споредба

Во многу различни погледи сопствениците на блогови и сајтови се чувствуваат среќни дека користат некој сервис за шпиунирање т.е. за броење на посетите де.

Кога еднаш ќе се искусат благодетите на некој ваков сервис, незамисливо е да се продолжи без него. Како на нитуеден друг медиум, на интернет најефтино, најдиректно и релативно прецизно може да си ја запознае човек своајта публика.

GoogleAnalytics го раздрма пазарот пред некое време, и сеуште трча напред пред конкуренцијата, но тој не е единствениот кој собира голем број на податоци кои ги оставаат посетителите на еден сајт. Јас лично од порано го користам StatCounter и сум сосема задоволен, иако знам дека GoogleAnalytics има некои подобро спакувани опции.

Откривањето на бројот на редовни посетители, времето на задржување, земјата или сајтот од каде доаѓаат посетителите на еден сајт како и ред други податоци може да помогнат многу во оптимизацијата, избор на содржината, уредувачката политика и сл. на еден сајт.

Пред некој ден налетав на една табела во која рамо до рамо се поставени неколку од најпопуларните вакви сервиси. Табелава ја најдов како промоција на сервисот PerformancingMetrics кој го нуди компанијата Performancing. Баш затоа мора да се разгледува со претпазливост бидејќи таа вели дека нивниот производ е најдобар, но не гарантира дека се скриени некои од можностите на другите сервиси.

Во секој случај, добар преглед кој може да помогне во избор на сервис кој ќе ги шпиунира посетителите на твојот блог или веб сајт 🙂

Кликни на табелата за поголема

Web_Metrics_comparison

 Кој сервис го користиш ти и зошто баш него?

4 коментари на “Сервиси за веб статистика – споредба”

  1. Ванчо

    Google Analytics.

    Ми ги собира податоците за сите сајтови на еден dashboard (а имам преку 40 кои ги следам, воглавно на мои клиенти).

    А втората причина зошто го користам? Не сум ги погледнал другите, морам да признам. Едноставно, го залепувам кодот на GA и работи.

    Фала ти на листата – ете, сега ќе немам изговор да не погледам подетално што се` има на оваа тема.

  2. Dare

    Ne go koristam Google Analytics bidejki Google ti gleda kolku lugje ostanuvaat na veb stranata i gi gledaat nivnite odnesuvanja i toa go zemaat kako golem faktor vo rangiranjeto.

    Od edna strana e dobro da si na Google Analytics ako imas jako popularen sajt kajshto imas lojalni korisnici…ali ako si pocetnik moze nema da sakas da go koristis bas…a i statcounter vrsi dosta dobra rabota isto. Ja go koristam statcounter, za ovoj noviot…ne sum slusnal.

  3. Darko Buldioski

    Баш го ставив pMetrics, и ми текна дека го имам пробувано. Има некои интересни статистики кои ги нуди.

    Една убава работа е што се врзува со сатистиките од feedburner и дава колку кликови има од фидовите, и втора убава работа, особено за воајери, е Spy опцијата која овозможува следење на активностите на посетителите на сајтот во живо.

Коментарите се затворени.