Global Voices – иницијатива

Во еден мој претходен пост спомнав малку подетално за оваа организација, од пред неколку месеци и нивната значка е во мојт блогрол, но дeнес видов дека и Време во редовната рубрика Сајт на денот објавиле текст за оваа организација.

„Глобални гласови на Интернет“ е непрофитен проект за граѓански медиуми на Правниот факултет на универзитетот Харвард. Негова цел е собирање и агрегација на разговорите на глобално ниво, користејќи ги „блогерите-премостувачи“ (bridge bloggers).

Овој веб-сајт е интересен и за новинарите и за уредниците од покласичните медиуми, особено за добивање идеи за написи, како и за добивање претстава за она што се зборува во светот. Креаторите на сајтов исто така работат на создавање глобален индекс на блогови. …повеќе

Веќе подолго време имам идеа да поттикнам иницијатива за креирање на колаборативен блог на кој сите заинтересирани МК блогери од време на време би пишувале постови на англиски јазик со теми интересни за глобалната публика, а сепак врзани за МК, без разлика дали то ќе бидат оригинални или веќе објавени текстови.

Со цел, откако ќе го пријавиме на листата на Global Voices некој од уредниците да објавува (бендисува) некои од постовите на насловната страна, со што би вршиле промоција, не само на МК туку и на МБЗ

Има ли заинтересирани за идејава?

Technorati Tags: , , , .


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Blogosphere. Bookmark the permalink.

9 коментари на "Global Voices – иницијатива"

Коментирај!