Media & Marketing Blog

Весела интернет маркетинг математика

Од одма да си кажам, за математика не ме бива баш, па затоа ако сум ја утнал работава барам да ми простите. Вака оди мојава математика:

Според мерењата на Httpool една од најпосетуваните страници во МК во месец јуни е www.24fudbal.com.mk. Оваа страница во јуни имала 6.104.265 посети (не знам дали се уникатни или не), според истата статистика истата страница има дневно просечно 203.476 посети.

Еве што вели еден ред од ценовникот на 24fudbal.com.mk: Leaderboard (728х90) банер, закупен преку истата таа Httpool чини 0,35 ден по прикажување. И сега значи, ако заокружиме, дневно сајтов нека има 200.000 посети, равенката би изгледала вака:

200.000 х 0.35 = 70.000 ден на ден, што значи за една недела тоа би било скоро 8.000 евра.

Еден ред погоре доколку закупите банер директно кај сопствениците на сајтот цената за една недела е 150 евра.

Пред да го пишам постов направив reality check со неколку пријатели, и сите бевме зачудени ама резултатите се тие. Каде лежи зајакот, не знам, може ќе ме просветлиш, ако ја гледаш логиката или имаш некоја информација повеќе, остави коментар.

28 коментари на “Весела интернет маркетинг математика”

  1. Дамјан

    Логика нема! 🙂

    Баш како што велиш, весела математика…

  2. Ilina

    Хахахахах, ме изнасмеа…Кога ги гледав резултатите за посетеност не ми текна да ги видам ценовниците…ама искрено ни јас немам идеа…освен да се прикажува по неколку пати на ден банерот, ама и тоа нема никаква логика.

  3. Darko Buldioski

    Им се извинувам на сите, ама спам заштита на коментарите нешто не работи како што треба и задржува повеќе коментри одшто треба.

    Сите коментари ќе бидат објавени, без модерации, само молам за разбирање и трпение, работам на случајот да го детектирам проблемот. Фала

  4. Миладиноск

    Колку што си ти збунет, толку сум и јас, според бројките овој човек заработува тони пари месечно од само преведување на спортски вести и додавање на соодветни сликички… 🙂

    Патем, малку надвор од темата, ама видете како изгледа 24fudbal ако ги отстраниме сите банери/реклами. Потполно празно.

    Слика од главната страница

    Слика од статија

    Мислам дека премногу се фокусирани на рекламите, не се само тие, туку и огромен дел од македонските портали се ориентираат на заработката (што е нормално) ама притоа забораваат на тоа како самата страница изгледа кај крајниот корисник.

    Тотално невкусно со изтуркани милион реклами.

  5. Јофе

    Навистина интересно… единствено логично објаснување би било дека јас како закупувач на реклама би ја ограничил цифрата која би ја давал дневно и според тоа би го ограничил и бројот на прикажуања на мојот банер.

    Туку друго ме заинтересира откако пророшкав на сајтов…

    Има објаснување за сите сајтови на кои може да се плати за реклама преку нив (http://seebiz.net.mk/default.asp?ItemID=E9EAD45D58AB29439820F24AD1E7C757)

    Има тука некои интересни податоци, али ај еве овој пример да го земеме…

    Има статистички податоци за посетителите на сајтот на Дневник (http://seebiz.net.mk/WBStorage/Files/dnevnik.description.pdf)

    Статистикиве се доста детални.

    Ај ќе ве молам некој нека ми објасни од кај би им биле овие податоци… пошо кога ќе влезам на dnevnik.com.mk нема некоја анкета која ме прашува за мојот брачен/работен/ху статус…

  6. Solza

    Во право си со текстов, имам колега-новинар што работи на една од македонските страници за фудбал и морам да признаам дека месечните надоместоци им одат нагоре. Сега за сега, се сведуваат на нешто над 50-тина евра, но за брзо време ќе дојде времето кога ќе земаат повеќе пари од редакциите на весниците.

    Инаку она што и недостига на оваа страница за фудбал е ЕФИКАСЕН медиумски менаџмент!

  7. Sasho

    Не шпекулирам дали статистиката е точна, ама мое лично видување е дека нема шанси тоа да се уникатни посети 🙂

    Можам да замислам некои луѓе што работат во обложувалниците, или фрикови по обложување, колку пати во денот кликаат refresh како ненормални за "први" да дознаат нешто 🙂

    Друга работа, 0,35 денари по прикажување е малце спорен момент (немам поим од каде е цифрава, освен од ценовникот на сајтот нели, и што според нив претставува "посета"), а да не заборавиме дека httpool зема добар процент од ова, што во оваа весела математика не е спомнат.

    Да скратам, зајакот едноставно лежи во наоѓањето на закупувач. Тоа е најважниот момент 🙂

  8. Igor

    Јас би рекол дека не заработува ич, сите банери му се во размена.

    Во врска со цените, баш поради тоа и не заработува.

  9. sead93

    Извонредна „перциптивност“ за ова, бравос, одличен пост.

  10. Виктор

    хаха,

    Бројките на httpооl немаат логика. 6 милиони месечно, 200,000 дневно? Тогаш колку посети има goal.com? 100 милијарди дневно? I say bollocks!

    Кај е on.net.mk на листата? Значи не се најпосетените страни туку тие на кои Httpool има закупено банери и слично.

    Пола од нив првпат слушам, посебно за http://www.zbavitu.net/ кој не може ни да го отворам а кој е 9-ти на листата.

    Да не зборувам за овој сајт http://www.argetimi.net

    Македонски??

    Второ ако отидеме да прочитаме повеќе

    информации добиваме вакви .pdf фајлови!??

    http://seebiz.net.mk/WBStorage/Files/maturanti.de

    wtf omg n00bz!

  11. Viktor

    А што се однесува до анализата на сајтовите?

    Random глупости.

    Професија: Сите се канцелариски работници.

    Again bolloks.

  12. Viktor

    Зборував со Httpool, тоа се page импресии и се само од сајтови кои го „имаат doubleclick софтверот“ и кои се под договор со Httpool да се најдат на таа листа.

  13. Darko Buldioski

    Дечки, фокус малку 🙂

    Значи не ми беше целата да го анализирам сајтот за фудбал, тој ми се погоди како совршен пример. Појдете на сајтот на httpool ќе видите дека цените за банер се движат токму во тој распон каде влегува и 0.35 ден

    За бројката на посети, дали е точна или не. Не ми беше ни тоа целта. На Seebiz има текст кој ја појаснува методологијата како се собрани бројките кои тие ги објавуваат. Си пишува кои сајтови се земени предвид и зошто.

    Ако направите споредба на бројот на посети на Идивиди на пр. според httpool и оние кои се јавни на sitemeter- от на Идивиди ќе видите дека нема многу голема разлика.

    Поентата е друга. КОЈ БИ ЗАКУПИЛ ПРОСТОР од единствента онлајн маркетинг агенција по овие цени? Не е ни чудо што работава на тоа поле оди споро. Потребни се повеќе вакви агенции и потребно е тие да изградат кредибилитет и доверба на пазарот.

  14. agent

    Mislam deka makedonskata internet populacija treba kolektivno da se zamoubie koga sajt kako sto e motika.com.mk e vo prvite nekolku najposeteni sajtovi. koga toa e taka … sto ima da pravime muabet za bilo sto vo vrska so MK internet marketing.

  15. Viktor

    „Потребни се повеќе вакви агенции и потребно е тие да изградат кредибилитет и доверба на пазарот.“

    Да, но мојата поентата е токму „кредибилитетот“ на листата, а со тоа кредибилитетот на агенцијата.

    Idividi денес има 230,000 page views. Портфолиото од Httopool за Idividi е 2 страни .Pdf фајл кој не кажува ништо. http://seebiz.net.mk/WBStorage/Files/idividi.desc

    Тоа се информации кои се нудат на клиенти. „WoW, 6 милиони посети!“ Тоа нема врска бидеќи не се уникатни, и тоа се кликови од целиот сајт. Значи ако јас читам 5 статии на сајтот тоа се 5 посети. А ако не ме интересеира ниту една реклама што правиме тогаш? Колку ќе отпадне од бројката?

    Тоа билдање треба да привлече компании да се рекламираат на забавни портали кои имаат повеќе банери одошто содржина?

    „Јас би рекол дека не заработува ич, сите банери му се во размена. Во врска со цените, баш поради тоа и не заработува.“ вели Игор.

    Ако ја нема таа размена на банери ќе го добиеш ова – http://img91.imageshack.us/img91/8527/jshots.png – од Mиладиновски.

    Друго е што ова е погрешен маркетинг. „Најпосетувани македонски веб страни“ е false marketing. Треба убаво да пишува како и зошто тие сајтови се на листата. А не дека тоа се НАЈпосетуваните.

    Да во право си, кој би се рекламирал за толку пари за џабе?

  16. Darko Buldioski

    Уф, agent, ова е уште една болна тема, ама ај лето е, па нема сега да се замараме со толку тешки теми :))

    ќе ги оставиме нив за од септември 😉 спремаме едно мало исвежување 🙂

  17. agent

    plus treba da se zeme vo predvid i sitemeter kolku e tochen. voopsto ne dava isti rezultati so Google Analytics, koga se postaveni i svete JS na ist sajt.

    Razlikata e nekade okolu 3 x sitemeter=ga

    Ne znam samo zosto ovie skapanicive od Analytics ne stavat opcija za public view na posetenosta. Togas bi mozelo da se vidi koj e koj.

  18. Darko Buldioski

    Одлични забелешки Виктор, очигледно темава тлеела во сите нас 🙂 подолго време, и не е така наивна и мала колку што е мојава математика.

    Агент, нема потреба од јавни бројки, ирелевантни се. Пред некој ден еден пријателка ме прашуваше како и каде да најде бројки за посетеност на сајтови во МК, и требаа за некои маркетиншки цели.

    И реков дека нема потреба да покаже дека ги знае бројките, туку треба да покаже дека го разбира медиумот и дека знае да таргетира т.е. дека знае да извлече ефект од онлајн рекалмите. Сувите брјки на посети се на сајтовите се второстепени или трето степени таму некаде зад квалитетно интернет присуство на самите компани кои се рекламираат. Се разбира ова важи кога би иамле нормален интернет огласувачки пазар каде рекалма се закупува по број на импресии и кликови а не на кило.

  19. Igor

    Јас лично го имам поставено „doubleclick софтверот“, станува збор за код како и аналитикс и sitemeter.

    Бројките кои ги дава, да станува збор за прегледани страници, а не за уникатни посети. Објаснувањето за ова од httpool е дека „бидејќи Македонија е многу мал пазар, ако се мери јуник многу би биле мали бројките, па и парите…“

    Се согласувам со повеќето коментари, треба малку повеќе да се оди во квалитет, а не во квантитет.

  20. igor

    "Објаснувањето" – од httpool „бидејќи Македонија е многу мал пазар, ако се мери јуник многу би биле мали бројките, па и парите…“

    neka im go objasnat toa taka na kompaniite koi bi se reklamirale preku niv 🙂 ne mi se veruva …

  21. riste.24fudbal

    Еве јас сум еден од сопствениците на 24fudbal.com.mk па добро би било и јас да појаснам за дилемава.

    Стварно во цените од httpool и нашите има огромна разлика. Ние имаме договор со httpool за средниот банер и тие ја одредуваат цената за тој банер и го менаџираат.

    Ние имаме одредено цена за другите банери која мислиме дека е реална споредено со другите портали.

    Некој пресмета дека многу заработуваме, напротив, не заработуваме ни за основните трошоци сега за сега.

    До сеа сме реализирале една камапања преку httpol. Банерот на фирмата која се рекламираше се појавуваше само по неколку минути во еден саат. Така да имаа ограничен број на импресии во текот на денот, значи заработката е многу далеку од тоа што го пресмета некој погоре. Импресиите се однесуваа само за предната страна, а не за сите страни (статистиката за посетеност се однесува за сите страни), плус има и попусти за некои од фирмите кои се рекламираат.

    Httpool се огранок од интернет маркетинг агенција која работи во повеќе земји, па можеби цените мора да се тие. Можеби тие се реалните цена, меѓутоа кај нас многу помалку се плаќа за интернет маркетинг кампањи, а и на прсти се бројат компаниите кои се рекламираат. Пример рекламата во весник е многу многу поскапа отколку на интернет, а некои портали се по прегледувани отколку весниците, да не зборуваме и за предностите на интернет рекламата во однос на онаа во весникот.

    Што се однесува до посетеноста, се работи за импресии или отварање на страната, значи еден посетител ако дојде на сајтот и отвори десет вести, ќе ги брои како 10 импресии.

    Што се однесува пак до содржината на страната, дека некои и тоа го спомна, фокусот е на фудбалските вести и тоа е основата. Мислевме дека треба една ваква страна во Македонија бидејки има секаде во светот, со тоа што имаме доволно голема посетеност значи дека е ок, нормално е да има и луѓе на кои не им се допаѓа, тоа е тоа.

  22. Darko Buldioski

    Ристе, фала за појаснувањето, јас верував уште од почеток дека ситуациајта е токму така како што наведуваш ти, но сепак останува фактот дека целиов пазар заснован на многу лабилни вредности не држи вода и не ветува некој брз и пред се квалитетен развој.

  23. riste.24fudbal

    Дарко, за жал потполно си во право. Најверојатно уште долго ќе треба за да се развие интернет маркетингот кај нас.

    Со развитокот на интернет маркетингот без сомнение ќе се зголеми понудата и квалитетот на порталите во Македонија, тоа е и основниот проблем.

    Јас 24fudbal.com.mk го замислувам многу поразлично отколку што е сега, како многу подобар портал, со многу повеќе содржини, но финансиите се основната пречка за реализација на идеите. Верувам дека тоа е случај и со другите портали.

    Сепак се надеваме дека ова е иднината, затоа и работиме.

  24. Дамјан

    Httpool навистина не знаат како да работат.

    IT.com.mk имаше договор со нив, им дадовме шанса што се вели и покрај лошите муабети и препораки кои ги имав пред потпишување, после неколку месеци едноставно се виде дека нема никакво фајде… причината е таа што тие не испраќаат понуди и не бркаат работи, него чекаат некоја голема фирма кај нив да дојде сама.

    Од лично искуство зборувам, со сета почит кон сите вработени во Httpool.

  25. Иван

    Здраво на сите,

    Во основа бидејќи подолго време имав работено интернет маркетинг како и Search Engine Optimisation за неколку сајтови, моделот кој го прати HTTPOOL е сличен на оној на Google. За разлика од HTTPOOL, Google има своја апликација, AdWords, која овозможува на компаниите да одредуваат одреден дневен буџет за определен key word и секако на тој збор се прави дополнително наддавање помеѓу конкуренцијата.

    Во случајот на Google се мери Click Through Rate односно колку луѓе одговориле на Call-to-action, кој вашиот сајт го нуди. Само во тој случај, Google наплаќа за кликот. Доколку корисникот не стигне до Call-to-action, да речеме Download, Google тоа не го калкулира во дневниот буџет.

    Во моментот кога дневниот буџет ќе се искористи, Google го заменува вашиот оглас со следниот најскап оглас после вашиот, и нормално оној оглас кој сеуште има дневен буџет.

    Од другастрана, Google има и AdSense, кој на сајтови како да речеме 24football, му овозможува да го инсталира API-то на Google АdWords, и тогаш врз основа на алгоритмот кој Google го користи за crawling на страниците и нивна класификација, така и одредува кој оглас каде соодветно да го постави.

    Муабетов е долг, јас ги разбирам потполно HTTPOOL и нивниот начин на работа, но импресии е далеку помал број од Click-throug-rate, врз кој што се и базира дневниот буџет и трошокот за кликање.

    Се надевам дека ви е појасно.

    Поздрав, Иван

    • Darko Buldioski

      Иван ај сеага уште еднаш од почеток разгледај ги сите детали во приказната, ама убаво прочитај ги сите детали на сите линкови па после уште еднаш пиши коментар.

  26. Иван

    Дарко, незнам па тебе сега што не ти е јасно… апсолутно се согласувам со коментарите горе, само дадов споредба во начинот на нудење на пакетите од страна на Google и како тоа го прави HTTPOOL. Ништо повеќе…

    • Darko Buldioski

      Httpool кај нас сеуште не работи со таа програма за контекстуално огласување. Ова што го нудат тие е класичен зауп на банери. Нема врска со клучни зборови и сл. Затоа ти реков да препрочиташ. Плус цената убаво си е назначено дека е по прикажување не по клик

Коментарите се затворени.