Блогови на наши медиуми јок, рано е

За многу работи може да се каже дека прилично заостануваме во светов и светските трендови, а главни причини за тоа регуларно се наведува како мантра: „се нема пари“. Е сега не ми е јасно ако тоа е најголемата, а по многумина и единствената причина за нашата ретроградност (инаку ние сме една велелепна надарена и неповторлива нација и земја за мерак), тогаш зошто заостануваме во работите за кои не треба пари или треба ептен малку пари?!?

Класичен пример, блог секции на нашите медиуми. МТВ остана еден единствен пример (на мене познат, се надевам грешам), кој стартуваше блог постови на својот сајт, кој го пополнуваа нивните новинари, и толку. Сега како што сајтот на М(Р)ТВ е претежно недостапен, испаѓа дека блогерите на онлајн медиумите кај нас ги нема. Да има колумни, но тие не се споредуваат со блогови, за тоа не се прави муабет.

Само што го прелистував сајтот на РТС и нивната блог-секција, (која патем кажано им е најинтересната секција, оти сотанатото се или агенциски или селебрити информации, кои се достапни на уште друг мал милион места)  и си помислив, еден јавен сервис кој се сметаше за најутепан (па и физички од бомбардирањето 1999) се оправи и влезе во колосек со останатите трендови и стандарди, додека нашиве медиуми не знам што чекаат? Сорос да им дава пари за проекти за блогови на сајтови or smth?

traktor.jpg

Едно знам кога еден медиум ќе го воведе ова, сите други ќе потрчаат истото да го ископираат, не за друго ами зашто „комшијата“ имал блог секција. Како што е тоа моментно случај со сателитските канали.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Local, Media, Social Media and tagged . Bookmark the permalink.

5 коментари на "Блогови на наши медиуми јок, рано е"

Коментирај!