Media & Marketing Blog

Како денес комуницираат брендовите [Old Spice Video]

Old_Spice_Isaiah_MustafaМоментот кога големите P&G најавија поагресивен влез во светот на социјалните медиуми, на многумина им стана јасно дека нема враќање назад. По оваа одлука јасно беше дека следува голема инвазија на еден огромен дел од пазарот кој доминира во бомбардирањето со реклами и маркетинг комуникација.

Александар, во својот тазе блог, малку ја начна темата на која често сме дискутирале и тука но и на нашиот Интернет Маркетинг Блог (патем постов ќе биде објавен и таму). Двонасочна, човечка комуникација, интеракција и слушање. Врв на оваа тема деновиве претставува одличната кампања на (мојот омилен) Old Spice.

In one of the largest viral video ad campaign ever launched, Old Spice is swarming YouTube.

The Procter & Gamble Co. brand released more than 180 videos featuring the campaign’s star, ex-football player Isaiah Mustafa. In the videos, he responds personally to online queries or comments from various Web users and some famous ones, including Ellen DeGeneres and Alyssa Milano.

The videos, all of which feature Mustafa in a towel speaking directly to the camera, have been steadily released over the last few days. On Friday, they accounted for eight of the most popular 11 videos on YouTube and more than 21 million views in total. …Old Spice guy swarms YouTube with 180 videos this week

Покрај неверојатно големата популарсност нa YouTube, OldSpice e и во топ трендовите на Twitter а и на Facebook не заостанува.

Ги гледав видеата во кои извонредниот Мустафа им одговара на познатите и непознатите корисници на Twitter и  Facebook, но се решив да го пишам постот кога видов дека си напрвиле муабет и со својот братски бренд Gillette.

Ова е буквално школски пример за тоа како се прави успешна кампања, како треба да се следат муабетите и да се одговара соодветно и континуирано. Секако, не можно толку голема кампања да нема и пародии, во одреден момент помислувам дека некои кампањи и намерно сами си ги прават за зголемена популарност. Неколку од пародиите на едно место ги собра Fast Company: Latest Old Spice Parody Gets an A+

А и за да го докомплетираш читањето на овој пост ќе мора да кликнеш:

на YouTube каналот на Old Spice,
на официјалниот Old Spice Twitter профил и
на официјалниот сајт: Old Spice каде јас си симнав рингтон 😉

Дополнвање: How the Old Spice Videos Are Being Made

3 коментари на “Како денес комуницираат брендовите [Old Spice Video]”

  1. ribaro mk

    често и пародиите се дел од виралната кампања

Коментарите се затворени.