Media & Marketing Blog

Блогови на наши медиуми јок, рано е

За многу работи може да се каже дека прилично заостануваме во светов и светските трендови, а главни причини за тоа регуларно се наведува како мантра: „се нема пари“. Е сега не ми е јасно ако тоа е најголемата, а по многумина и единствената причина за нашата ретроградност (инаку ние сме една велелепна надарена и неповторлива нација и земја за мерак), тогаш зошто заостануваме во работите за кои не треба пари или треба ептен малку пари?!?

Класичен пример, блог секции на нашите медиуми. МТВ остана еден единствен пример (на мене познат, се надевам грешам), кој стартуваше блог постови на својот сајт, кој го пополнуваа нивните новинари, и толку. Сега како што сајтот на М(Р)ТВ е претежно недостапен, испаѓа дека блогерите на онлајн медиумите кај нас ги нема. Да има колумни, но тие не се споредуваат со блогови, за тоа не се прави муабет.

Само што го прелистував сајтот на РТС и нивната блог-секција, (која патем кажано им е најинтересната секција, оти сотанатото се или агенциски или селебрити информации, кои се достапни на уште друг мал милион места)  и си помислив, еден јавен сервис кој се сметаше за најутепан (па и физички од бомбардирањето 1999) се оправи и влезе во колосек со останатите трендови и стандарди, додека нашиве медиуми не знам што чекаат? Сорос да им дава пари за проекти за блогови на сајтови or smth?

traktor.jpg

Едно знам кога еден медиум ќе го воведе ова, сите други ќе потрчаат истото да го ископираат, не за друго ами зашто „комшијата“ имал блог секција. Како што е тоа моментно случај со сателитските канали.

6 коментари на “Блогови на наши медиуми јок, рано е”

  1. Darko Buldioski

    Па и не би се сложил дека воведување блогови е така евтина работа. Да, финансиски и те како е евтина, ама не само тоа во прашање.

    МРТ отвори блог благодарение на Јован и Струмјан. Ама МРТ немаше никаква стратегија за ефективна употреба на блогот, мрт не прозиведуваше оригинална содржина со некоја цел на тој блог. Најчесто имаше рециклирани материјали кои и онака се 99% од материјалите објавени на интернет изданијата на нашите медиуми.

    Па оттаму, пари за давање се малку, ама занает за учење има многу. Е сеа, ако занатот се стекнува без пари….

    Јас поарно би чекал уште неколку години, или подобро месеци, пред да се појави првиот блог на медиуми отколку утре да се појави нешто за што ќе се крене голема галама а во суштина нема да биде ништо посебно. И што е најтрагично ќе повлече цела серија исти потези, пошто како што и ти си пишал така функционираат работите кај нас.

  2. Anonymous

    Пред да заминам од А1, Жане Лупевска ми рече дека планираат на сајтот од А2 (што допрва требаше да се прави), да имаат и блогови.

    Ќе видиме на есен дали ќе го реализираат планот.

  3. Darko Buldioski

    Не ни преостанува ништо друго , освен да чекаме 🙂 и да видиме што подразбираат под блогови и како ќе ги вклучат.

    искрено, се уште не го сфатив "филмот" на A2, ама веројатно на есен ќе ми се разјасни.

  4. ribaro

    Добра фотка, само кој ќе биде волот кој ќе повлече нога 🙂

  5. sead93

    Се надевам дека А2 ќе пласираат добар блог-производ на својот сајт. Секако не е лесно, и тоа е занает, но муабетот беше дека имаме луѓе кои можат ова кај нас квалитетно да го прават. Кај нас овие услуги не би чинеле многу заради состојбата на пазарот. А декка треба знаење треба.

Коментарите се затворени.